НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тимоние: Не му придавајте преголемо значење на “нон-пејперот”

0
By Нова ТВ on May 29, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадата на Франција денес прецизираше дека заклучоците за Македонија изнесени во „нон пејперот“ не се конечни и дека ставот на Франција ќе биде дефинитивно утврден во договор со нејзините европски партнери во наредниот период пред самитот на ЕУ во Брисел на 28 јуни.

“Амбасадата на Франција појаснува во врска со документот наречен “non-papier” кои го споменуваат одредени медиуми. Амбасадата, исто така, напоменува дека предлозите за отпочнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на Советот (општи работи) на 26 јуни а потоа за нив ќе одлучи Европскиот Совет во текот на истиот месец. Разговорите за подготовка на заклучоците за Македонија и за Албанија се уште не се отпочнати во Брисел. Поради тоа и не треба да му се придава премногу големо значење на тој документ, особено што во него станува збор за точки за кои ќе се разговара и одлучува во иднина”, вели соопштението на амбасадата што го објави Макфакс.

Нацрт нон-пејпер на Франција и Холандија предизвика серија остри реакции во Македонија пред се од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Дипломатски извори во Советот, каде се преговара и подготвува претстојниот Самит на ЕУ во јуни на кој ќе се одлучува за преговори со Македонија, за МИА изјавија дека ова е веќе позната позиција на Холандија и Франција и не претставува ништо ново. Во ЕУ има и други земји членки кои имаат поинаков став за Македонија.

“Ние сепак сметаме дека преговорите со Македонија треба да се спроведат доколку се реши спорот за името, така што овој документ не не’ загрижува многу”, изјави дипломатски извор од западна земја членка на ЕУ за МИА.

Холандија и посебно Франција се познати по отпорот на нивната јавност кон проширувањето на ЕУ. За преговорите со Македонија, министрите за надворешни работи, амбасадорите, и шефовите на држави и влади на ЕУ ќе дебатираат во текот на овој месец. Клучен услов за старт на преговори е да се пронајде компромис за името со Грција.

Нон-пејперот е неформален документ со кој земјите членки на ЕУ често се служат во подготовката на преговори за некое спорни политички или процедурални прашања што треба да се решат и околу кои има разлики во ставовите. Овој начин на дипломатска комуникација е обид да се испитаат реакциите на другите земји за можните решенија.

 

Албанија амбасада на Франција ЕУ Кристијан Тимоние Македонија нон пејпер преговори за членство Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.