Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вартоломеј и Јеронимос разговарале за МПЦ-ОА

0
By Нова ТВ on June 4, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: АНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 4, 2018 12:52

Македонскaта православна црква и црковното прашање биле една од темите за кои разговарале поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос и Вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивната денешна средба во Атина.

– За време на средбата беше разговарано за прашањата што се однесуваат на расколничката црква на Скопје, барањето автокефалност од црквата на Украина, а ги споменаа и двајцата грчки војници кои се во притвор во Одрин, соопштуваат од атинската архиепископија.

Како штој јави дописничката на МИА од Атина, Вселенскиот патријарх по средбата со Јеронимос ја посети претседателската палата и се сретна со грчкиот претседател, а по 45 минутната средба со Прокопис Павлопулос, Вартоломеј се сретна и со премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

Средбите на Вселенскиот патријарх Вартоломеј со архиепископот Јеронимус, со претседателот Павлопулос и со премиерот Ципрас, се одржуваат на само неколку дена по соопштението од Вселенската патријаршија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“.

Денеска попладне Вартоломеј ќе има средба со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а потоа и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Официјално не се соопштени темите за кои Вселенскиот патријарх ќе разговара со Павлопулос и Ципрас, но средбите доаѓаат на само неколку дена по соопштението од Вселенската патријаршија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“.

Премиерот Зоран Заев неодамна испрати писмо до Вселенската патријаршија со кое побарал помош околу конечно решавање на црковниот спор што постои од возобновување на Охридската архиепископија.

Во писмото од премиерот се наведува дека заедно го проследува и писмото од Архиереите и притоа се бара „согласно со вековните права на Вселенскиот Престол да се реши долгогодишното црковно прашање на нашата земја“.

МПЦ-ОА ги демантираше информациите дека со писмото кое е испратено од Црквата се бара бришење на името „Македонска“ и признавање на МПЦ како Охридска архиепископија.

По повод ова писмо бил одржан состанок на Вселенската патријаршија.

Заев: Никој не побарал да се смени името на црквата

Вартоломеј МПЦ- ОА Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.