Уругвај е првиот домаќин на Светските фудбалски првенства и воедно прв освојувач на трофејот „Жил Риме“. Успехот на своја почва од 1930 година (во финалето ја совладаа Аргентина со 4:2), „Ла Селесте“ („небесно-сини“) го повторија и две децении подоцна во Бразил, а на последниот мундијал беа елиминирани во осминафиналето. Според бројот на жители (1,75 милиони) е најмалата земја со планетарна шампионска титула.
Луис Суарез е клучен играч на уругвајскиот национален тим. Многу нешта на тревниците во Русија ова лето ќе зависат од напаѓачот на Барселона кој е рекордер на јужноамериканската селекција по бројот на постигнати голови (50). Со своите два гола во квалификацискиот триумф над Боливија со 4:2 стави печат на пласманот на Уругвај на СП 2018. Реализациите, сепак, не беа единствен негов белег на турнирот пред четири години што го организираа „кариоките“ од кој ќе остане запаметен и по гризењето на Џорџо Кјелини.
Уругвај ќе има плејада адути во копачки во Русија, а ќе има и крај теренот. Диригент од клупата е смирениот Оскар Табарез кој е на кормилото од 2006 година. Со својот 70 годишен животен век и 12 години селекторски стаж ќе биде еден од највозрасните и најдолговечни меѓу 32. предводници на тимови на мундијалот. Но, Табарез не е првпат на „небесно-синото“ кормило. Во првиот мандат се задржа две години (1988-1990) и досега го водеше Уругвај во вкупно 183 меча.
Резултатите, велат, се единствено мерило за задржување на работата на тренерите во фудбалската игра. Табарез со оствареното во минатото, се чини, ја бетонира довербата кај челниците на Федерацијата. На Светското првенство во Јужна Африка го одведе Уругвај до полуфиналето, а веќе наредната (2011) до шампионска титула на Копа Америка, а сега и до трет мундијал во низа.
Конечен список на Уругвај за СП 2018
Голмани
Фернандо Муслера (Галатасарај)
Мартин Силва (Васко де Гама)
Мартин Кампања (Индепендиенте)
Одбрана
Диего Годин (Атлетико Мадрид)
Себастијан Коатес (Спортинг Лисабон)
Хозе Хименез (Атлетико Мадрид)
Макси Переира (Порто)
Гастон Силва (Индепендиенте)
Мартин Касерес (Лацио)
Гилјермо Варекла (Пењарол)
Среден ред
Нахитан Нандез (Бока Јуниорс)
Лукас Тореира (Сампдорија)
Матијас Весино (Интер)
Родриго Бентанкур (Јувентус)
Карлос Санчез (Монтереј)
Џорџам де Араскаета (Крузеиро)
Диего Лаксалт (Џенова)
Кристијан Родригез (Пењарол)
Гастон Рамирез (Сампдорија)
Напад
Кристијан Стуани (Џирона)
Макси Гомез (Селта)
Единсон Кавани (ПСЖ)
Луис Суарез (Барселона)
Селектор: Оскар Табарез
МЕЧЕВИ НА СП 2018
Египет – Уругвај (15 јуни, 14 ч.)
Уругвај – Саудиска Арабија (20 јуни, 17 ч.)
Уругвај – Русија (25 јуни, 16 ч.)
Резултати во подготвителниот период
Уругвај – Узбекистан (8 јуни)
Велс – Уругвај 0:1
Уругвај – Чешка 2:0
Австрија – Уругвај 2:1
Полска – Уругвај 0:0
Лична карта на Уругвај
ФИФА ранг листа: 17 место
Прекар: Ла Селесте
Настапи на СП: 12
Најдобар пласман: шампиони во 1930 година и во 1950 година
Настапи на Копа Америка: 45
Најдобар пласман: шампиони во 1916 година, во 1917 година, во 1920 година, во 1923 година, во 1924 година, во 1926 година, во 1935 година, во 1942 година, во 1956 година, во 1959 година, во 1967 година, во 1983 година, во 1987 година, во 1995 година и во 2011 година
Најдобар стрелец: Луис Суарез – 50 гола
Најмногу настапи: Макси Переира – 124 меча
Прв меѓународен меч: Уругвај – Аргентина 2:3 во 1901 година
Најубедлива победа: Уругвај – Боливија 9:0
Најубедлив пораз: Уругвај – Аргентина 0:6