НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во Псарадес

0
By Нова ТВ on June 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорот за спорот за името ќе се потпише во преспанското село Нивици или Псарадес на грчки. Потпис на договорот за решавање на 27 годишниот спор за името, ќе стават македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи  Никола Димитров  и Никос Коѕијас како и специјалниот посредник Метју Нимиц. Освен  премиерите Заев и Ципрас, на потпишувањето на Договорот ќе присуствуваат и еврокомесарите Могерини и Хан и заменичката на генералниот секретар на ОН.

По потпишување на билатералниот договор , протоколот предвидува заеднички ручек на делегациите но во македонскиот дел на Преспа. Ова ќе биде и прва посета  на грчки премиер на Македонија, по повеќе од една деценија.

Потпишувањето на договорот ќе го следат и протести. Населението од Северна Грција се мобилизира за утрешните протести во Преспа. Демонстрациите ги организира „Комитетот за одбрана на грчкиот карактер на Македонија“ кои организираат и автобуски превоз за оние кои ќе сакаат да учествуваат на протестот.

Во Битола, протестен марш ќе одржи опозициската ВМРО ДПМНЕ, која смета дека „договорот е штетен и е во спротивност на националните интереси“.

Пред  потпишувањето на Договорот, министерот за надворешни работи Никола Димитров кажа дека „утре е историски ден“.

„Имаме сили што се борат за напред, за иднината, имаме сили што се борат за назад, за минатото. Минатото не можеме да го смениме, иднината можеме. Мислам дека тоа е многу голем чин, на некој начин бевме охрабрени од Договорот за пријателство со Бугарија. Ова е нашето последно отворено прашање и на некој начин завршува една фаза на прашалници, на предизвици. Многу ќе биде важно овој чин да ги отвори вратите и на ЕУ и на НАТО бидејќи меѓудругото, покрај пријателството со Грција, македонските основни мотиви се да се отворат вратите и конечно да излеземе од таа чекална, каде што сме заклучени премногу години, рече Димитров.

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева  изрази увереност дека по потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, Македонија конечно ќе може да отпочне преговори за членство во ЕУ, а потоа ќе добие и покана за влез во НАТО.

Основата на договорот што го постигнаа Македонија и Грција е земјава да се преименува во „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба, признавање на  македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

 

 

Димитров Заев Коѕијас Потпишување на договор за решавање на спорот Преспа Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.