НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осминафинале на СП: Уругвај на Португалија, Шпанија на Русија (Видео)

0
By Нова ТВ on June 25, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уругвај – Португалија и Шпанија – Русија се првите осминафинални двојки на 21. Светско првенство во фудбал. Се формираа по денешните дуели од последното коло во групите А и Б во кои се постигнаа вкупно 12 гола, а притоа падна и нов рекорд на мундијалите.

Уругвајците ја добија Русија со 3:0, а со тоа и директната битка за лидерската позиција во А конкуренцијата. Головите за „ла селеста“ ги постигнаа Суарез од слободен удар во 10. минута, Черишев (автогол) во 23. минута и Кавани во 90. минута. Олеснителна околност притоа имаа во исклучувањето на Смолников кој во само девет минути во првиот дел собра два жолти картона и ја остави „зборнаја“ на цедило на „Космос арена“ во Самара.

Египет го напушта турнирот во Русија како најслаб тим во групата А иако таквата улога пред почетокот и беше доделена на С. Арабија. Ниту водството што во 22. минута го осигура Мо Салах не беше доволно за „фараоните“ за избегнување на третиот пораз на завршниот турнир, а со тоа и фенерот на табелата. До паузата за одмор, азиската репрезентација доби два пенала од кои го реализира оној во судиското продолжение за 1:1, а за нивна победничка разделба со Русија се погрижи Ал Давсари во петтата минута од надополнувањето.

https://www.youtube.com/watch?v=YByik6CWi10

Иран пропушти зицер за шок на Португалците, Мароко двапати водеше, Шпанија двапати израмнуваше

Двата меча од последното коло во групата Б завршија без победник. Шпанија и Мароко одиграа 2:2 додека Португалија и Иран 1:1, резултати кои им одговараа на пиринејските соседи за топ 16 фазата. Но, ако „фуријата“ не беше во опасност од елиминација, дружината на Кристијано Роналдо беше неизвесна и пораз ќе значеше крај на настапите во Русија.

https://www.youtube.com/watch?v=ILLgNnYSCCU

Португалците поведоа во 45. минута преку Кварежма и имаа идеална прилика во раната фаза од второто полувреме за мирен финиш на мечот. Но, Роналдо не успеа да екзекутира од белата точка и ги остави Иранците со надеж дека чудо е, сепак, можно. Тоа во што ѕвездата на Реал Мадрид не успеа во 53. минута, му успеа на Ансарифард во третата од седумте во судиското екстра време за солзи радосници меѓу нивните фанови на трибините на „Мордовија арена“ во Саранск. А, по неа и шанса во која се заледи крвта во вените на Португалците меѓутоа Мехди Тареми го погоди само надворешниот дел од мрежата на Руи Патрисио. Набрзо потоа парагвајскиот арбитар Касерес означи крај на средбата за растоварување на товарот од плеќите на Фернандо Сантош.

Мароканците двапати водеа на стадионот во Калининград, Шпанија двапати израмнуваше за конечни 2:2 и одбрана на првото место во групата. Бутаиб во 14. минута и Ел Несири во 81. минута „стрелаа“ за африканската репрезентација, Иско во 19. минута и Аспас во 90’+1’ возвраќаа и спречија изненадување на брегот на Балтикот.

Иран – Португалија 1:1 (0:1)

Стадион: „Мордовија арена“ во Саранск. Гледачи: 41.685. Гл. судија: Енрике Касерес. Асистенти: Едуардо Кардозо и Хуан Зорилја (сите тројца од Парагвај). Ж. картони: Хајсафи, Азмун (Иран); Гереиро, Кварежма, Роналдо, Соареш (Португалија). Стрелци: Ансарифард во 90’+3’ за Иран; Кварежма во 45’ за Португалија.

Иран (формација 4-5-1): Беиранванд –  Хајсафи (Мохамади 56’), Пуралиганџи, Хосеини, Резаејан – Амири, Ебрахими, Езатолахи (Ансарифард 76’), Јаханбакш (Годос 70’), Тареми – Азмун. Селектор: Карлос Квеирош.

Португалија (формација 4-4-2): Руи Патрисио – Гереиро, Фонте, Пепе, Соареш – Марио (Мутињо 84’), Ад. Силва, Карвалјо, Кварежма (Б. Силва 70’) – Ан. Силва (Гуедеш 90’+6’), Роналдо. Селектор: Фернандо Сантош.

СП 2018 во фудбал

Група А

Резултати, 3 коло

Уругвај – Русија 3:0

Саудиска Арабија – Египет 2:1

Табела: Уругвај 9, Русија 6, Саудиска Арабија 3, Египет 0.

Група Б

Резултати, 3 коло

Иран – Португалија 1:1

Шпанија – Мароко 2:2

Табела: Шпанија 5, Португалија 5, Иран 4, Мароко 1.

#Португалија СП 2018 фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.