НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши рокот за легализација на дивоградби од 2011 и од 2016 година

0
By Нова ТВ on June 30, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истече дополнителниот рок во кој можеше да се комплетира потребната документација за барањата за легализација на дивоградби поднесени до општините во тек на 2011 година и на 2016 година.

Некомплетните барања за легализација, претежно со геодетски елаборат, беа причина за воведување на новиот рок, кој завршува денеска, со последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти од декември лани, а со кој се овозможи и дополнителен, трет рок, за поднесување барање за легализација, од јануари до крајот на годинава.

Како што информираат од Агенцијата за катастар на недвижности, со процесот на легализација што стартуваше во март 2011 година, заклучно со 31 мај годинава легализирани се 202.110 дивоградби и се впишани во Катастарот. Поединечно по градови, во Скопје биле впишани 65.420 бесправно изградени објекти, во Прилеп – 14.554, во Битола – 11.679, во Куманово – 9.901, во Струмица – 9.227, итн.

Во Катастарот од почетокот на годинава се примени 508 барања  за изработка на геодетски елаборати за легализација за примателите на социјална помош.  По тој основ, во претходните рокови беа доставени 8.282 барања.

На почетокот на процесот на легализација на бесправно изградени објекти за периодот март – септември во 2011 година беа доставени над 360.000 барања. Во дополнителниот рок, пак, што беше овозможен на почетокот на 2016 година беа поднесени уште 80.000 барања.

Како што се предвидуваше и со првото законско решение за оваа намена, услов за легализација на објектот е тој да бил изграден заклучно со 3 март во 2011 година. Барањата се поднесуваат до општините, каде се приложува копија од лична карта, сметка од струја или вода или изјава на нотар дека објектот е изграден пред донесување на законот, по што процедурата предвидува и доставување геодетски елаборат. Целиот процес се заокружува со добивање имотен лист со што сопственикот сега наместо дивоградба има легален имот со кој може да тргува или да го стави како залог во банка за добивање кредити.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година на територијата на Македонија биле изградени нови 762 дивоградби. Лани бесправно биле изградени 138 објекти за домување, 122 доградби, надградби и адаптации, 78 деловни објекти, 53 гаражи, 128 огради, 10 скалила, 15 тераси, 24 летни тераси, 65 натстрешници, 34 времени објекти и 95 помошни објекти.

Најголем број од бесправно изградените објекти (99,5 проценти) се приватна сопственост.

По локации, во скопските општини имало нови 157 дивоградби, пришто предничи Карпош со 39, по која следат Бутел со 37, Центар со 23, Аеродром со 13, Гази Баба со 12, итн. Во останатите општини, во Охрид има 68 нелегално изградени објекти, во Струмица – 53, во Куманово – 44, во Велес – 36, во Битола 21, итн.

Во 2016 година надлежните институции регистрираа 1.037 бесправно изградени објекти, од кои 203 за домување, 174 доградби, надградби и адаптации, 168 огради и 111 деловни објекти.

барања дивоградби катастар легализација рок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.