НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Главни точки на заедничката Декларација од Самитот на НАТО

0
By Нова ТВ on July 12, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на државите членки на НАТО вчера одобрија заедничка Декларација на Самитот на Алијансата во Брисел. Таа се состои од повеќе точки, од кои главните се: взаемната заштита, финансирањето, командната структура, односите со Русија, мисијата во Ирак и други.

Потврдена клаузулата за взаемна заштита

Секој напад врз еден сојузник ќе се смета за напад врз сите нас, како што предвидува Членот 5 од Вашингтонскиот договор.

Ќе продолжиме да се дејствуваме заеднички и врз основа на солидарноста, заедничките цели и праведна размена на товарот.

Трошоци за одбраната

Ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеноста од сите аспекти на ветувањето за инвестиции во одбраната, договерно на самитот во Велс во 2014 година и да се донесат сигурни национални планови за негово спроведување, вклучувајќи и упатства за трошење до 2024 година, планирани можности и придонеси.

Русија

Продолжуваме да реагираме на влошената безбедносна ситуација преку подобрување на нашата состојба на одвраќање и одбрана, вклучително и преку зголемено присуство на источниот дел на Алијансата.

Освен тоа, иако продолжува замрзнувањето на целата практична цивилна и воена соработка меѓу НАТО и Русија, остануваме отворени за политички дијалог –НАТО не бара конфронтација и не претставува закана за Русија.

Украина

Категорично ја осудуваме незаконската и нелегитимна анексија на Крим од страна на Русија која не ја признаваме и нема да ја признаеме.

Тероризам

Ќе продолжиме да ги подобруваме нашите способности и технологии, вклучувајќи и заштита од импровизирани експлозивни направи и хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани и злоупотребата на модерните технологии од страна на терористите.

Старт на иницијативата за борбена готовност

Ќе обезбедиме висококвалификувани и високоспособни сили со висок степен на поготвеност кои ќе бидат достапни за НАТО.

Во заедничкиот резервен состав сојузниците ќе располагаат и со дополнителни 30 големи поморски единици, 30 тешки или средни маневарски баталјони и 30 кинетички ескадрили кои ќе бидат подготвени за акција за 30 или помалку денови.

Вселена

Признавајќи дека Вселената е високо динамична и брзорастечка област која е од голема важност за координирана одбрана на Алијансата, се согласуваме да развиваме Вселенска политика на НАТО.

Подобрена командна структура

Ќе формираме Оперативен центар за кибернетскиот простор со седиште во Белгија за да обезбедиме координација на оперативнитите активности на НАТО, единствен центар за заедничка команда во Норфолк САД со цел да ги заштитиме трансатлантските комуникациски врски и функционирањето и одржливост во оддалечените области низ Европа и пошироко.

Мисијата во Ирак

Започнуваме со мисија во Ирак за невоена обука и изградба на потенцијал на одбрана на ирачката Влада и за понатамошна поддршка на напорите за стабилизирање на земјата.

Во завшниот документ од Форумот на 23 страници како шпто објави руската агенција ТАСС  се посочува дека и во случај на хибриден напад Северноатлансткиот совет може да донесе одлука за активирање на Членот 5 од Вапингтонскиот договор исто како во случај на вооружен напад.

Во Декларацијата се повикува Русија да ги повлече своите сили од суверените територии на Молдавија (Придњестровје), Украина (Крим и сепаратистичките територии) и Грузија (Абхазија и Јужна Осетија).

Освен тоа земјите членки се обврзуваат да ја ослободат Алијансата од зависноста од оружјето од советско и руско производство.

2018 Декларација НАТО Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.