НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Прво техничка Влада, па избор на Државна изборна комисија

0
By Нова ТВ on July 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврди дека пред да се гласа за изборот на ДИК, опозицијата бара најпрво да се донесат законите  за финансирање на партиите и за Влада. Според Мицковски, финансирањето на партиите и техничката Влада биле договорени уште во март.

„Не смееме да го гледаме прашањето на ДИК како издвоено прашање, напротив прашањето на избор на ДИК мора да се гледа како целина со претходните закони кои што опозицијата заедно со Владата ги донесоа, а тоа се оние реформски закони кои што значеа позитивна препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија. Во тој синџир кој што тогаш го договоривме беше носење на закон за финансирање на политичките партии, но исто така и формирање на техничка Влада 100 дена пред изборите, дури потоа доаѓа до комплетирање на ДИК“ кажа претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Премиерот Заев вчера порача дека барањето за техничка Влада е неприфатливо за СДСМ. Во Законот за Влада пишува дека премиерот ќе отстапи од својата функција 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори и ние тоа го подржуваме рече Заев, но не и смени на други министри, како што бара ВМРО ДПМНЕ.

„Кога се формираше техничката Влада, во Пржино, опозицијата вети дека повеќе нема да ги објавува т.н „бомби“ и ќе ги достави до Специјалното јавно обвинителство. Тоа беше дел од договорот со кој Македонија почна да излегува од политичката криза. Не гледам потреба за тоа сега, но знам дека наша должност е да овозможиме нашите граѓани да се изјаснат на овој „историски“ референдум“ кажа Заев.

Блокирањето на изборот на Државната изборна комисија директно влијае и врз одржувањето на рефрендумот. Според Законот за референдум, Собранието треба да го распише референдумот 60 дена пред да се одржи. Ова значи дека доколку референдумот се планира да се одржи кон крајот на септември, тогаш најдоцна кон крајот на овој месец  пратениците да донесат одлука, а претседателот на Собранието да ја потпише одлуката за одржување на референдумот.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски денеска кажа дека „се додека не се распише референдумот, постојат многу веројатности, сите опции се отворени и да се случи и да не се случи.  Се до оној момент додека референдумот не биде распишан, додека не биде дефинирано референдумското прашање сите опции се отворени“. Според Мицкоски одговорноста дали ќе има или не референдум е кај власта која треба да ги прифати условите на  ВМРО ДПМНЕ и да покаже дека е за фер гласање.

„Реакцијата на опозицијата е само одговор на акцијата од страна на Владата. Тие се на потег, да видиме дали постои добра волја да се обезбедат фер и демократски услови за случување на еден референдум, а дури потоа кога ќе се случат предвремени или редовни парламентарни избори“рече Мицкоски.

Дик Заев Мицкоски референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.