Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ и СЕММ со осуда на дрскоста и ароганцијата кон фоторепортерите

1
By Нова ТВ on July 19, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Ѓорѓи Личовски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 19, 2018 11:08

Работата на новинарите, фоторепортерите и другите медиумски работници мора да биде ослободена од какви било закани и притисоци, а државата во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување.

Ова денеска го порача Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во врска со вчерашниот случај во кој на неколку фоторепортери им бил ограничен пристапот во работата за време на лидерската средба во Клубот на пратеници и побара од Владата на Република Македонија да го разгледа случајот.

– Служењето на претставници на власта со непримерен речник и дрскост во односот со медиумските работници е недозволиво, што е, исто така, во спротивност со одредбите во Етичкиот кодекс за државниците службеници, се истакнува во соопштението на СЕММ.

Токму затоа, велат од СЕММ, од службата за односи со јавноста и воопшто од претставниците на власта се очекува да покажат максимално разбирање за потребите на медиумските работници и да ги обезбедат неопходните услови за непречено остварување на нивните права и интереси.

-Државата и нејзините институции мора да имаат предвид дека е потребно континуирано да имаат афирмативна улога во поттикнувањето на слободата на медиумите, слободата на информирањето и слободата на изразување. Секаде каде што овие слободи се под ризик, ќе биде под ризик и улогата на медиумите во демократските процеси и владеењето на правото, потенцираат од СЕММ.

Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) бара итно од Владата на Република Македонија да ја испита ситуацијата во која тројца фото-репортери биле оневозможени да работат и при тоа биле изложени на ароганција и непримерно однесување од страна на преставници на власта,а под изговор на „безбедносни проценки“ на почетокот на лидерската средба.

Во изминативе години многу неправди, притисоци и злосторства врз медиуми и медиумски работници се извршени под максимата „согласно Уставот, законите и процедурите“ поради што најостро отфрламе секаков обид ароганцијата, затвореноста и третирањето на новинарската фела со потценување да бидат објаснети со безбедносни или каков било друг вид “проценки“.

Воедно потсетуваме дека ние сме тие кои секогаш први ги чувствуваат сигналите на недемократските практики, но како што докажавме и досега, ниту во минатото ниту сега нема да молчиме.

Ако 11 години се боревме против газењето на новинарската заедница, во услови на, како што власта љуби да каже, „режим“ тогаш во оваа „демократија“ ќе бидеме уште погласни и непомирливи во борбата за достоинство на секој припадник на професијата, велат од ССНМ.

 

лидерска СЕММ ССНМ фоторепортери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.