НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катастрофа во Грција:50 загинати и 172 повредени во пожарите на Атина

0
By Нова ТВ on July 24, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на официјално потврдени загинати во вчерашните пожари во Грција е 50 лица, додека пак 172 се повредени од кои 11 сериозно, а по воден пат биле спасени 715 лица.

Како што јави МИА од Атина, портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, го соопшти билансот од пожарите, до 11.30 часот по локално време.

Фото: Greek Reporter

– До овој момент во болниците во Атика, згрижени се 156 возрасни лица, од кои 11 се во сериозна состојба и се поврзани на апарати и 16 деца чии животи не се во опасност. Во овој момент, за жал бројот на жртвите е 50 лица. Противпожарната служба, во соработка со полицијата продолжува со тешката задача на евиденцијата и информирањето ќе биде континуирано. Од друга страна, бродови на крајбрежната служба и нуркачки единици, ја проверуваат областа за пронаоѓање на можни заглавени, додека до овој момент, извлечени се вкупно 715 луѓе, главно од областа Мати, рече Ѕанакопулос.

Тој  додаде дека во спасувачката акција по море учествувале 12 брода на крајбрежната служба, 30 приватни чамци, додека пак од воената морнарица 1 фрегата, 2 брода, 3 хеликоптери и 3 глисери.

Greek Reporter

Според портпаролот на грчката влада, продолжуваат напорите на државниот механизам за справување со последиците од вчерашните катастрофални пожар.

Во гаснењето на пожарите, учествувале над 600 пожарникари со над 400 возила , 7 канадери и 10 хеликоптери. Активни беа 3 жаришта, додека пак утрово, пожарот иако е ставен под контрола, се уште не е целосно изгасен.

Грција го активираше европскиот механизам за цивилна заштита за да добие помош од европските партнери. Досега Шпанија, Кипар и Израел испратиле помош.

Европската комисија во следните неколку часа ќе го активира Европскиот механизам за цивилна заштита за да и помогне на Грција каде во пожарите досега загинаа околу 50 лица.

– Ја завршуваме анализата на ситуацијата, механизмот за цивилна заштита ќе биде активиран во наредните часови, изјавил извор од европските институции.

Greek Reporter

Според него, мониторинг на ситуацијата со катастрофалните шумски пожари во Грција во моментов спроведува координативен центар за реагирање при вонредни ситуации, кој ќе обезбеди неопходни средства за помош на Грција од земјите членки.

Станува збор, пред се, за испраќање противпожарни авиони и хеликоптери и други мобилни средства за гасење пожари, противпожарни бригади и спасувачи, медицински тимови, но и, доколку се неопходни, лекови, респиратори и средства за индивидуална заштита на персоналот кој учествува во гаснењето на пожарите.

Greek Reporter

Шпанската Влада претходно соопшти дека денеска испратила два канадери како помош на Грција. Министерството за земјоделство на Шпанија соопшти дека секој од авионите може да носи 5,5 тони вода. Со авионите пилотираат членови на шпанските вооружени сили.

И Македонија испраќа помош

Аднан Џаферовски, директорот на Дирекцијата за спасување, утринава изјави дека Македонија ќе испрати два авиони за гаснење на пожарите во Грција. Тој вели дека од синоќа се во постојан контакт со центрите во Грција.

„Од утрово сме на координативна седница, се организираме за пожарите и понудивме помош. Чекаме повретен сигнал. Од утрово се спремни два авиони за гасење пожар. Екипите се спремни. Се очекува секој момент да тргнат“, вели Џаферовски за Макфакс.

Атика Грција пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.