НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова европска победа на Шкендија: Бесарт Ибраими го „уби“ Шериф

0
By Нова ТВ on July 24, 2018 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шкендија ќе патува со гол предност на реваншот со Шериф во второто квалификациско коло за фудбалската Лига на шампиони. Тетовци вечерва на „Филип Втори“ арената го совладаа молдавскиот првак со 1:0. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Бесарт Ибраими од слободен удар во 24 минута.

„Црвено-црните“ може да жалат што нема да понесат поубедлива залиха за возвратните 90. минути од двомечот со екипата од Тираспол. Покрај постигнатиот погодок, Шкендија имаше уште две прилики во првото полувреме за дуплирање на водството, двете преку Стенио Жуниор.

Најпрво во 36 минута, Бразилецот се закани со глава, а топката во последен момент, кога сите ја видоа во мрежата, во корнер ја исфрли еден од гостинските дефанзивци. Пет минути подоцна Жуниор шутираше од околу 20-тина метри пришто левиот дирек беше сојузник на голманот Звонимир Микулиќ.

Ниту Шериф не беше без прилики за израмнувачки гол, но двете најсериозни што ги имаа Молдавците ги одбрани Костадин Захов.

Реваншот меѓу Шкендија и Шериф е во вторник (31 јули) во Тираспол со почеток во 19 часот. Подобриот во двомечот ќе игра против Салцбург во третото квалификациско коло за ЛШ. Поразениот, пак, ќе се пресели во третата рунда квалификации за Лига Европа во која ќе се пресмета со победникот од натпреварите меѓу Валур од Исланд и Санта Колома од Андора.

квалификации Лига на шампиони фудбал Шефиф Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.