Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детето со дијабет се разбуди од кома-Министерство ги обвини родителите

1
By Нова ТВ on July 25, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 25, 2018 13:52

Здравствената состојба на 14-годишното девојче од Охрид со дијабетес тип 1 кое во сериозна состојба беше примено на КАРИЛ се подобрува и тоа спонтано дише. Државниот санитарен и здравствен инспекторат по добиените информации за трите случаи пак, извршил инспекција кај матичните лекари.

– ДСЗИ спроведува инспекциски надзори кај матичните лекари на сите три деца односно во Охрид, Гевгелија и Свети Николе без оглед што едното дете е пуштено и е дома. Во тек е инспекциски надзор и во општите болници во кои тие деца се препратени пред да бидат донесени на Детската клиника односно на КАРИЛ, истакна директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова и потенцира дека ги очекуваат извештаите од терен.

Додаде дека ако тие извештаи иницираат друга постапка ќе испратат соодветно барање до Министерството за здравство за формирање вонвреден стручен надзор.

Заменик – министерот за здравство Асим Муса рече дека 14-годишното девојче од Охрид, како и уште двете деца на возраст од три години од Свети Николе и на возраст од девет години од Гевгелија кои со зголемено ниво на шеќер во крвта беа хоспитализирани во Клиниката за детски болести, се новооткриени.

Појасни дека децата првпат отишле на лекар за нивната здравствена состојба и во матичните установи им било откриено дека имаат дијабетес, но согласно правилата, бидејќи се деца, тие се упатени на Клиниката за детски болести, каде најстручно се третираат.

Тој рече не е лекарска грешка во постапка на лекување, туку дека дека вината е кај родителите, кои 14-годишното девојче го однеле на лекар дури неколку дена откако се вложила неговата здравствена состојба.

– Денеска ја видов девојката која е на КАРИЛ, таа е стабилна, состојбата се подобрува, таа е при свест и при крајот на денот ќе биде екстубирана. Сите три случаи се новооткриени, првпат отишле на лекар за нивната здравствена состојба и во матичните установи било откриено дека имаат дијабетес, но согласно правилата бидејќи се деца, тие се испратени на Клиниката за детски болести, каде најстручно се третираат, истакна Муса.

Тој додаде дека треба да преземат мерки за едукација на матичните лекари, а посебно во семејни услови.

– За да едно дете дојде во состојба на кетоацидоза треба подолг период, додаде Муса.

Ендокринологот Марина Крстевска Константинова од Детската клиника рече дека има знаци за дијабетес кои и семејствата и лекарите мора да ги препознаат, а тоа се зголемено мокрење, пиење многу вода, јадење премногу и слабеење.

– Планираме од септември да спроведеме едукативна програма за едукација на медицинскиот кадар и заедно со здруженијата да едуцираме и граѓани, по школи, градинки со цел најлесно да се препознаат децата кои се под опасност да развијат дијабетес тип 1, додаде Крстевска Константинова.

 

деца дијабет ДСЗИ КАРИЛ МЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.