НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: На Мечкин Камен имаше исти лица од Собранието на 27 април

1
By Нова ТВ on August 3, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: 1тв
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел  од тие што правеа инциденти на Мечкин Камен беа и во Собранието на 27 април. Тоа е група од 50 луге кои се од некого мотивирани, и продолжуваат да испраќаат пораки на поделби, а нам ни треба единство, посебно пред вакви важни прашања, рече премиерот Зоран Заев во интервју за 1тв.

Тој кажа дека два дена пред прославата на Илинден,  имал средба со Иванов во Кабинетот на претседателот на која разговарале за случувањата во регионот, за актуелните политички прашања и за безбедноста на државата. На оваа средба станало збор и за прославата на Илинден и се согласиле дека треба да бидат внимателни.

„Но за жал се случи мотивација и од самиот говор на претседателот, кој охрабри наши граѓани да нападнат висока странска делегација и владина делегација“, рече Заев.

Тој истакна дека оваа група која ги предизвикала инцидентите и кои користат физичко насилство и маваат со предмети не го прават тоа бесцелно.

„Сите знаат дека Македонија има еден правец, а тоа е евроинтеграцијата зашто тоа ни обезбедува убава иднина на државата. Обезбедувањето добра иднина на држават на сите не им одговора“ рече Заев, кој нагласи дека многу поважно е однесувањето на политичкиот државен врв – на Претседателот на  државата,  шефот на  опозицијата кои не нудат алтернатива.

„Никој не кажува како две десни партии од Македонија  и Грција ќе направат подобра договор – што не го направија изминатите 10 години? Каде беше Претседателот на државата сите овие годни наназад да направи некој исчекор, некој подобар договор“, рече Заев.

Според премиерот добро е што на референдумот нема да одлучуваат ниту Иванов, ниту Мицксоски, ниту Заев, туку ќе одлучуваат граѓаните. Тој очекува граѓаните во огромно мнозинство  да излезат и да го поддржат членството во ЕУ и НАТО и Договорот со Грција.

Заев кажа и дека и претседателот Иванов и шефот на опозицијата биле редовно информирани за текот на преговорите секогаш кога имало поместување во разговорите и на средбите се разговарало за сите детали, како да се зачува иднината на државата и да се сочува идентитетот.

Тој ги потсети Иванов и Мицкоски дека со години, како што рече, „се крстеа“ во референдумот, за денеска да не можат да соберат  сили да повикаат на референдум, па народот да излезе на гласање, без разлика дали ќе гласа „за„ или „против“.

Заев Иванов инциденти Мечкин Камен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.