НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се тезите на власта и опозицијата „за“ и „против“ референдумот

0
By Соња Петрушевска on August 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре на владина седница ќе се дeбатира за планот за водење на кампањата за есенскиот референдум. Според информации на НОВА ТВ, кампањата ќе се води слично како за избори, преку средби со граѓани и митинзи, а ќе бидат вклучени поголемиот дел од министрите. На средбите со граѓаните, ќе се потенцира дека со Договорот се прескокнува и последната пречка за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО кои се гарант за безбедноста на идните генерации.

„Преку кампањата ќе се обидеме Договорот со Грција да го приближиме до сите граѓани. Договорот го заштитува македонскиот идентитет. Во член 7 од Договорот, македонскиот идентитет ја отсликува нашата територија, нашиот народ со своја култура и наследство и нашиот јазик. Со Договорот нашето државјанство е потврдено како македонско, официјалниот јазик на нашата држава е заштитен како македонски без додавки, а македонската иднина е обезбедена. Историската шанса е пред нас имаме одговорност таа шанса да ја искористиме на 30 септември, кажа Заев.

Тој ги повика граѓаните да го прочитаат Договорот и да „видат дека се што беше проблематично за нашиот идентитет е потврдено“. Заев исто така кажа дека „за соседите никогаш не беше спорен идентитетот на помалите заедници во Македонија, никогаш не го оспорувале нивниот идентитет, само македонскиот кој сега го заштитуваме“.

Фото: Макфакс

Иако ВМРО ДПМНЕ се уште тактизира со одлуката дали ќе повика на бојкот или ќе го повика членството да гласа  „против“ Договорот, Мицкоски денеска откри дел од тезите со кои ќе настапат во кампањата. Наспроти ставот на власта дека со Договорот се заштитува македонскиот идентитет, Мицкоски вели дека тоа не е вистина.

„Гледаме дека Владата целокупната своја кампања ја темели на тоа дека го сочувува идентитетот. Еве едно прашање до Владата и до сите оние кои стојат до таа теза дека е зачуван идентитетот: Како е зачуван идентитетот кога институционалниот идентитет ќе се изгуби, рече Мицкоски.

Според него, доколку се изгуби институционалниот идентитет, што претставува, како што кажа, трејдмарк за националниот идентитет, не се зачувува идентитетот.

Мицкоски кажа дека одлуката дали ќе го бојкотираат рефрендумот или ќе гласаат против ќе ја донесат партиските органи – Извршниот и Централниот комитет.

Во кампањата за рефрендумот активно ќе учествува и ДУИ.

„Ќе се ангажираме со сите капацитети што ги имаме, за да се мобилизира секој граѓанин и референдумот  да биде успешен. Ова е одлучувачки момент за сите нас и позитивен референдум ќе значи победа на мирот и стабилноста“, кажа Ахмети на одбележувањето на 13 години од Рамковниот Договор.

Кампањата, велат од власта дека ќе биде информативна, а не пропагандистичка.

Повик до граѓаните да гласаат „за“ на референдумот упати и Евелин Фаркаш, поранешна заменичка на помошникот секретар за одбрана на САД задолжена за Европа и Азија во администрацијата на Барак Обама, која присуствуваше на одбележувањето на Рамковниот договор.

„Референдумот мора да победи. Неуспехот ќе биде на штета на демократијата, владеењето на правото и мирот“ кажа Фаркаш.

 

Ахмети Заев кампања Мицкоски референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.