Енди Мареј не успеа да се пласира во второто коло на АТП Мастерсот во Синсинати. Пречка притоа беше Французинот Лук Пуј кој славеше над моментно 375. светски рекет со 6:1, 1:6, 6:4 за нешто помалку од два часа игра.
Пласман во второто коло во Синсинати обезбеди Јапонецот Кеи Нишикори по триумфот над Андреј Рублев од Русија со 7:5, 6:3.
Новак Ѓоковиќ, ноќеска, во својот прв настап на единствениот Мастерс што му недостасува ќе игра против Американецот Џонсон. Роџер Федерер, пак, е слободен во првото коло и во второто, во среда попладне, ќе излезе на мегдан со Германецот Петер Гојовчик.
АТП Мастерс во Синсинати, 1 коло
Шаповалов (Канада) – Тифо (САД) 7:6, 3:6, 7:5
Едмунд (14., В. Британија) – Мекдоналд (САД) 6:3, 6:2
Манарино (Франција) – Чекинато (Италија) 6:7, 6:2, 7:6
Карено Буста (13., Шпанија) – Гаске (Франција) 6:3, 2:6, 6:3
Нишикори (Јапонија) – Рублев (Русија) 7:5, 6:3
Пуј (16., Франција) – Мареј (В. Британија) 6:1, 1:6, 6:4
Гојовчик (Германија) – Соуса (Португалија) 2:6, 6:4, 7:5
ВТА Мастерс во Синсинати, 1 коло
Цуренко (Украина) – Колинс (САД) 6:0, 6:2
Киз (13., САД) – Матек Сандс (САД) 3:6, 7:6, 6:4
Азаренка (Белорусија) – Суарез Наваро (Шпанија) 6:7, 6:2, 6:4
Кузмова (Словачка) – Саснович (Белорусија) 6:0, 4:6, 6:1
Кузнецова (Русија) – Фогел (Швајцарија) 6:4, 2:6, 7:6
Контавеит (Естонија) – Стрицова (Чешка) 6:3, 6:0