Бројот на загинатите во уривањето на надвозникот на автопатот во близина на италијанскиот град Џенова се искачи на 22, соопшти министерот за транспорт Данило Тонинели.
Најмалку 20 возила кои во тој момент биле на мостот паднале од висина од стотина метри.
Тонинели изјави дека се работи за “огромна трагедија”.
Шефот на локалната служба за брза помош изјавил дека има “десетици загинати”.
На видео снимките се гледа како еден од столбовите што го држат мостот се урива, среде лоши временски услови.
Голем дел од мостот паднал врз железничката пруга, а со мостот паднале автомобили и камиони.
На самото место се наоѓаат спасувачки екипи.
Мостот е изграден во 60-тите години и е познат како мостот Моранди, висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри. Целиот мост бил обновен во 2016 година.
Делот што се урнал е долг десетина метри.
Италијанскиот весник “Ла Република” го опиша овој дел од градот како “густо населен”.
Структурата се урнала на пладне по локално време за време на силниот дожд.