НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛЕ: Тричковски го „истресе“ Штурм, Аврамовски го проби Хелсинки(Видео)

0
By Нова ТВ on August 17, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реализаторско шоу на Иван Тричковски во дресот на АЕК Ларнака, гол и на Даниел Аврамовски за љубљанска Олимпија. Кипарскиот тим го декласира Штурм со 5:0 во реванш мечот од третото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ) во кој крилниот центар на македонската репрезентација постигна хет-трик.

Тричковски го „истресе“ австрискиот бундеслигаш во осмата минута, во 67. минута и во 80. минута. Беше стартер и одигра цел натпревар за домашните кои со вкупни 7:0 се пробија во плејофот на двомеч со словачки Тренчин за место во групната фаза во ЛЕ. Останатите два гола за АЕК Ларната ги постигнаа Ларена од пенал во 63. минута и Туламесе во 86. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=_nbLAq2qnTA

Стрелец во реванш дуелите од третото коло за ЛЕ беше и Даниел Аврамовски. Олимпија Љубљана го совлада ХЈК и во Хелсинки со 4:1 и со вкупни 7:1 продолжи во плејофот на мегдан со Спартак Трнава од Словачка. Репрезентативецот на Македонија беше во стартниот тим на словенечкиот претставник, ги одигра сите 90 минути, а противничката мрежа ја погоди во 72. минута.

Стеауа во екстра времето го порази Хајдук на Ивановски, Сарпсборг ја шокира Риека на Жута

Хајдук на Мирко Ивановски имаше горлива вечер во Букурешт. Стеауа славеше над сплитските „били“ со 2:1 и опстана во квалификациите за Лига Европа. Таличен за романскиот тим беше Гнохере чија реализација во третата минута од екстра времето, по лошата проценка на голманот Посавец, го реши победникот во двомечот. Истиот играч беше сигурен од белата точка во 55. минута, Саид израмни за Хајдук во 82. минута. Македонскиот интернационалец во тимот од „Пољуд“ беше во стартните 11 и од игра беше повлечен во 73. минута.

Риека доживеа шокантен пораз пред своите навивачи и се прости со европските настапи за оваа сезона. Сапрсборг го совлада хрватскиот прволигаш со 1:0 и се најави како ривал на Макаби Тел Авив во плејоф рундата. Единствениот гол на стадионот во Риека беше дело на Мортенсен во 83. минута. Поранешниот член на „црвено-жолтиот“ национален тим Леонард Жута одигра цел меч за домашната екипа.

Кукс на Валон Етеми и на Едис Малиќи остана покус за гол во реваншот со Торпедо Кутаиси. Албанскиот лигаш славеше со 2:0, но триумфот на грузискиот тим пред седум дена (5:2) се покажа како доволен за плејоф во ЛЕ. Интернационалците од Македонија се најдоа во стартниот состав на Кукс, Етеми беше повлече од игра во 52. минута, Малиќи остана докрај на терен.

Резултати од реванш мечевите во 3. коло квалификации за Лига Европа

Каират – Сигма Оломуц 1:2 (0:2)

Прогрес Нидеркорн – Уфа 2:2 (1:2)

АЕК Ларнака – Штурм 5:0 (2:0)

ХЈК Хелсинки – Олимпија Љубљана 1:4 (0:3)

Универзитатеа Крајова – Лајпциг 1:1 (1:3)

Копенхаген – ЦСКА Софија 2:1 (2:1)

Кукс – Торпедо Кутаиси 2:0 (2:5)

АПОЕЛ – Хапоел Бер Шева 3:1 (2:2)

Митјиланд – ТНС 3:1 (2:0)

Судува – Спартакс Јурмала 0:0 (1:0)

Клуж – Алашкерт 5:0 (2:0)

Жалгирис – Севилја 0:5 (0:1)

Молде – Хибернијан 3:0 (0:0)

Зенит Санкт Петербург – Динамо Минска 4:0 (0:4) – по продолженија 8:1

Луцерн – Олимпијакос 1:3 (0:4)

Макаби Тел Авив – Пјуник 2:1 (0:0)

Динамо Брест – Аполон 1:0 (0:4)

ЛАСК Линц – Бешикташ 2:1 (0:1)

Дуделанж – Легија Варшава 2:2 (2:1)

Зрињски – Лудогорец 1:1 (0:1)

Брондби – Спартак Суботица 2:1 (2:0)

Базел – Витесе 1:0 (1:0)

Аталанта – Хапоел Хаифа 2:0 (4:1)

Марибор – Глазгов Ренџерс 0:0 (1:3)

Лех Познањ – Генк 1:2 (0:2)

Гент – Јагјелонија 3:1 (1:0)

Феенорд – Тренчин 1:1 (0:4)

Рапид Виена – Слован Братислава 4:0 (1:2)

Стеауа – Хајдук 2:1 (0:0)

Партизан – Нордсјеланд 3:2 (2:1)

Розенборг – Корк Сити 3:0 (2:0)

Бордо – Мариупол 2:1 (3:1)

Барнли – Истанбул Басакшехир 0:0 (0:0) – по продолженија 1:0

Риека – Сарпсборг 0:1 (1:1)

Валур – Шериф Тираспол 2:1 (0:1)

Брага – Зорја 2:2 (1:1)

Во заграда се резултати од првите натпревари.

Даниел Аврамовски Иван Тричковски квалификации Леонард Жута Лига Европа Мирко Ивановски фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.