Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

3ападни разузнавачи стравуваат од блискоста на Австрија со Путин

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 23, 2018 15:50

Повеќе западни разузнавачки служби ја ограничиле размената на чувствителни информации со Австрија од страв дека овие документи би можеле да завршат на масата на Владимир Путин, објави Вашингтон Пост минатата недела а овие вести денес ги пренесе и австрискиот весник Ди Пресе.

Власта веднаш ги отфрли овие обвинувања.

Сомнежите за преголемата блискост на рускиот претседател со партијата ФПО, австриската екстремна десница, која ја води земјата во коалиција со демо-христијаните, се зголемија со присуството на Путин на свадбата на австриската шефица на дипломатија Карин Кнејсл, член на ФПО.

Оваа партија во 2016 година склучи договор за партнерство со партијата на Путин, Обединета Русија.

Со влезот во владата ФПО доби значајни и стратешки места во австриската владечка коалиција. Освен надворешните работи, тие ги водат внатрешните работи и одбраната.

Сликите од свадбата, на која Путин танцува со Кнјесл, го обиколија светот додека австриската опозиција ја остро ја нападна владата поради оваа незгодна покана.

Според Ди Пресе, во февруари виенското седиште на Бирото за заштита на Уставот и за борба против тероризмот (БВТ), задолжено за внатрешната безбедност и контра разузнавање, бил направен претрес во текот на кој биле одземени чувствителни документи.

Познато е дека Австрија е неутрална земја и таму имаат седишта многу меѓународни организации како дел од Обединетите Нации, ОБСЕ, ОПЕП па така, Австрија секогаш била едно од важните места за разузнавачите од светот.

Во март, кога многу европски земји, како знак на солидарност, им откажаа гостопримство на руските дипломати во екот на скандалот со труењето на Скрипал, Виена тоа не го направи и изјави дека сака да ги одржи отворени каналите за комуникација со Русија.

Поради овие нови западни сомнежи за порозноста на австриското разузнавање, опозицијата вчера побара одржување на Советот за национална безбедност во наредните две недели.

Аугуст Ханинг, поранешниот шеф на германското разузнавње БНД, додаде уште масло на искрите и во германскиот весник Билд изјави дека “ако една служба не успева да ги заштити своите информации и изворите на своите сојузници, таа мора да биде третирана со претпазливост”. И додаде дека “тајната мора да биде гарантирана; но тоа е особено тешко со вакви инциденти како во Австрија”.

Тој сепак призна дека нема конкретни информации за австриската разузнавачка служба а актуелниот шеф на БНД Петер Гридлинг изјави дека соработката во сите клучни области добро функционира, особено во борбата против тероризмот.

Австрија Владимир Путин Европа разузнавање Русија ФПО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.