Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуковски: Чавков треба да биде награден, а не да се казни

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 ПОЛИТИКА
Митко Чавков
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 23, 2018 17:01

Ниту Митко Чавков, ниту Богдан Илиевски не се виновни. Ниту едно дејствие немаат извршено, истакна Сашо Дуковски, адвокат на обвинетите Чавков и Илиевски за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.

Дуковски реагираше дека обвинителството за овој настан веќе покренало обвинение, а судот донел пресуди, па сега е нејасно како можеле повторно да гонат други луѓе и тоа за многу потешко дело, односно тероризам.

-Имаме 4 кривични дела за овој настан и тоа учество во толпа што ќе изврши насилство, насилство,  обид за убиство и сега за тероризам. Претходните три дела се бенигни, во споредба со последното дело, тероризам. Не може да се има различен третман. Инаку ќе се вратиме во камена доба во однос на правото, вели Дуковски.

Тој оцени и дека обвинението содржи голем број страници, но ништо не кажува.

-Нема докази за тоа што обвинетите се обвинети. За ова дело треба да има директна умисла. Обвинителот кокетира со законски поими и термини и се обидува со ставање на дејствија од членот 313 да го оправда со ништо неоправданиот обвинителен акт, истакна Дуковски.

Тој се повика и на Упатството, според кое наводно не се држел Чавков и не ангажирал полициски сили. Дуковски рече дека покрај Чавков тука се наведени уште двајца, министерот за внатрешни работи и началникот на специјалните полициски сили.

-Како е избран Чавков за најголем црн ѓавол кој сакал да го загрози уставниот поредок, а другите двајца, сребрената и бронзената команда, да бидат изземени? Според Упатството за овие команди, и министерот за внатрешни работи можел да даде наредба за влегување на специјалните полициски сили во Собранието. Чавков, наводно, не му кревал на високозагрижениот министер Агим Нухиу цели два часа, замислете. Нухиу доаѓа во 19.25 во оперативниот штаб, Чавков во 20 часот на 27 април лани. Од записникот од штабот ќе се види дека давал континуирани наредби цело време и на крај организирал кордон за извлекување на пратениците, рече адвокатот Дуковски.

Тој додаде и дека Чавков делувал и дека е негова заслугата за безбедно евакуирање на луѓето кои биле во Собранието. Според адвокатот негова била и заслугата за формирање на оперативниот штаб.

-Овој “терорист” давал предлог за формирање на оперативен штаб. Ќе докажеме колку наредби биле дадени за полициски сили и кој ги дал и кога насилството запрело. Овој човек треба да биде награден,  не процесуиран, рече Дуковски.

Тој додаде и дека целиот настан бил завршен за 1 час и 20 минути.

– Што требало, да се телепортираат полицајци за да се заврши порано, или ќе имало 100 мртви ако полицијата употребила прекумерена сила, рече Дуковски.

На денешното рочиште се воведните зборови на одбраната.

Тие пред судот го негираа обвинението против нивните клиенти. Бранителите тврдат дека обвинетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство.

Дончо Наков кој е  бранител на обвинетите Љубен Арнаудов, Владо Јовановски и Богдан Илиевски – Бетмен и Абдуљифета Алими, рече дека тие немаат вина и се товарат за искажани зборови односно сториле „тероризам со зборови, а не со дела“.

Адвокатот на пратеникот Љупчо Димовски, на Игор Дурловски и на Мунир Пепиќ, во одбраната на своите клиенти праша дали присуството на граѓани во Собранието без никаков акт на насилство може да се третира како обид за уривање на уставниот поредок.

За Димовски, како што рече Миланов, со снимки од јавни настапи ќе докажува дека не дал наредба да се отворат вратите на Собранието, туку тоа што гестикулираал со рацете го правел постојано.

 

 

 

27.април судење Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.