НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Денеска првите сведоци за насилствата во Собранието

0
By Нова ТВ on August 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година продолжува денеска со сослушување на сведоци предложени од обвинителството.
Како сведоци повикани се Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.
Обвинетите во овој случај се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.
Обвинетиот Горанче Ангеловски, на минатото рочиште одби да даде воведен говор и не го прифати бранителот, што судот му го именува по службена должност, откако на минатото рочиште тој се откажа од својот адвокат.

Претседател на судечки совет е Добрила Кацарска. Обвинителка е Вилма Рускоска.

Ова е петто рочиште од почеток на судењето. Претходните судски расправи траеја повеќе од шест часа. Во судницата беа присутни сите 33 обвинети, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две за помагање.

Судскиот процес започна на 22 август со воведни говори на обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на обвинетите.

Обвинителката Русковска во воведниот говор истакна дека има докази со кои ќе ги потврди наводите од обвинението за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок, а одбраната тврди дека не постојат докази кои укажуваат на тоа и обвинија за политички мотивиран процес.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Од обвинетите 11 лица се во притвор, 13 се во куќен притвор, а осуммина имаат мерки за претпазливост и гаранции. Нивната намера, според обвинителството, била да го загрозат уставниот поредок и да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Според обвинението, Чавков како носител на „златна команда“, иако постојано добивал известувања дека во Собранието е загрозен животот на новинарите и на пратениците, со уште двајца носители на „сребрена команда“ не издале наредби за распоредување на дополнителни и специјални полициски сили за внатрешно и надворешно обезбедување на Собранието, не издале наредба за евакуација и им овозможиле на насилниците да влезат внатре. Чавков беше притворен, но со гаранција во вредност од 600.000 евра во недвижен имот тој беше пуштен да се брани од слобода.

Покрај веќе закажаните 37 рочишта, судијката Добрила Кацарска денеска закажа уште 28 термини за насилствата од 27 април 2017 година. Заклучно со јануари следната година, закажани се 65 рочишта.

27.април рочиште сведоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.