НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Португалецот го преживеа Барнли: Лукаку како ангел чувар на Мурињо

0
By Нова ТВ on September 2, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обезбеден е мир за Жозе Мурињо на клупата на Манчестер јунајтед за што најголеми заслуги има Ромелу Лукаку. Белгискиот репрезентативец беше двоен стрелец во триумфот на „црвените ѓаволи“ над Барнли со 2:0 во четвртото коло во англиската Премиерлига. По центаршутот на Алексис Санчез во 27. минута, напаѓачот најави дека трите бода ќе патуваат кон „Олд Трафорд“ за што издаде потврда во 44. со нова реализација по карамболот во домашниот казнен простор.

Јунајтед можеше и до поубедлива победа на стадионот „Туф Мор“ доколку Пол Погба беше прецизен од белата точка во 69. минута. Но, можеше да заврши и во комплетен состав доколку Маркус Рашфорд беше поприсебен во 71. минута во која доби директен црвен картон за удирање на противнички играч.

Манчестер јунајтед сега има две победи и два пораза во четирите одиграни меча во новата сезона во Премиерлигата. Мурињо, пак, може да здивне по притисокот што го има имаше за бледиот старт во шампионатот, а во негова полза ќе биде и претстојната пауза за клупски активности поради настапи на репрезентациите во Лига на нации.

Вотфорд со четвртата победа во четвртиот меч – со пресврт совладан и Тотенхем

Вотфорд, пак, продолжува со фантастичните партии во воведниот дел на англиското фудбалско првенство. По победите над Брајтон (2:0), над Барнли (3:1) и над Кристал Палас (2:1), со голем пресврт беше совладан и Тотенхем со 2:1.

„Спарси“ поведоа на „Викариџ Роуд“ со автогол на Дукуре. Несреќниот момент од 53. минута, сепак, не беше и одлучувачки во средбата. Тимот на Чави Гарсија заигра добри дваесетина минути во продолжението што го круниса со два гола. Израмнување донесе капитенот Трој Дини во 69. минута по асистенција на Холебас, а грчкиот интернационалец се најде во иста улога и во 76. минута во која егзекутор беше Кеткарт.

Вотфорд е со максимален ефект каков по четири кола имаат уште лидерот Ливерпул и Челзи.

Премиерлига, 4 коло

Барнли – Манчестер јунајтед 0:2

Вотфорд – Тотенхем 2:1

Кардиф – Арсенал 2:3

Манчестер сити – Њукасл 2:1

Вест Хем – Вулверхемптон 0:1

Евертон – Хадерсфилд 1:1

Кристал Палас – Саутемптон 0:2

Челзи – Борнмут 2:0

Брајтон – Фулам 2:2

Лестер – Ливерпул 1:2

Табела: Ливерпул 12, Челзи 12, Вотфорд 12, Манчестер сити 10, Тотенхем 9, Борнмут 7, Евертон 6, Лестер 6, Арсенал 6, Манчестер јунајтед 6, Вулверхемптон 5, Саутемптон 4, Фулам 4, Брајтон 4, Кристал Палас 3, Кардиф 2, Хадерсфилд 2, Њукасл 1, Барнли 1, Вест Хем 0.

Барнли Жозе Мурињо Манчестер Ј. Премиерлига Ромелу Лукаку фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.