НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Книга на Боб Вудворд: Трамп е необразуван, бесен и параноичен

1
By Нова ТВ on September 5, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата книга на новинарот Боб Вудворд „Страв: Трамп во Белата куќа“, објавува мачен портрет на необразован, бесен и параноичен американски претседател, кого неговите министри и соработници постојано се обидуваат да го контролираат за да избегнат тешки отстапки.

Книгата е заснована на сведочења на инсајдери од администрацијата. Белата куќа е претставена како дисфункционална и разорно фокусирана на внатрешни спорови.

Американскиот претседател Доналд Трамп е опишан како човек опседнат со кривичната истрага во врска со прашањето дали ја опструирал правдата обидувајќи се да запре истрага на специјалниот обвинител Роберт Малер за руско мешање во претсеателските избори во 2016 година.

Во еден момент, како што наведува во книгата Вудворд, адвокатот на Трамп, Џон Дауд организирал заради вежби, симулирано испрашување на Трамп за врските на неговиот изборен штаб со Русија и неговите потези на функцијата претседател. Трамп често се „губел“ со фактите и на крајот загубил контрола и се разбеснил.

Дауд, според Вудворд, му рекол на Трамп дека ќе заврши во портолкалово затворско одело ако сведочи пред Малер.

Неколку месеци подоцна, Трамп му рекол на Дауд: – Би бил навистина добар сведок.

– Не сте добар сведок. Господине претседател, се плашам дека едноставно не можам да ви помогнам, одговорил Дауд.

Следниот ден Дауд дал оставка во тимот на адвокати на Трамп.

Сегашните адвокати со месеци преговарале со правниот тим на Малер кои сакале да разговараат со претседаелот, но не постигнале договор за тоа.

Адвоактот на Трамп, Руди Џулијани во повеќе наврати рекол дека стравува ако Трамп сведочи под заклетва, ќе биде фатен во кривично дело лажење на властите.

Според Вудворд, Трамп не го интересирало како неговите потези на функцијата претседател може да ја загрозат светската безбедност и дека често не е запознат со општопознати факти.

Обидите на Вудворд да добие интервју од Трамп не биле успешни, иако претсетаелот се обидувал да зборува со новинарот откако веќе ја завршил книгата.

Во 2017 година, Трамп бил вознемирен од наводниот хемиски напад во Сирија и побарал од Пентагон да го уништат сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Министерот за одбрана Џејмс Матис не дозволил таа наредба да се изврши, се наведува во книгата на Боб Вудворд.

Откако бил запознат со случувањата во Идлиб, Трамп го повикал Матис и грубо рекол дека сака „да заврши со диктаторот“.

– Ајде да го …убиеме. Ајде да упаднеме. Ајде сите да ги убиеме, нагласил Трамп тогаш, тврди Вудворд.

Шефот на Пентагон одговорил дека „ќе се погрижи за тоа“, но по разговорот дал целосно поинаква наредба.

– Нема ништо да правиме со тоа. Ќе бидеме многу одмерени, рекол Матис.

Бела куќа Боб Вудворд Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.