НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гачевски: Одиме на победа во дербито со Работнички

0
By Нова ТВ on September 22, 2018 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вардар има биланс од три победи и две нерешени средби во петте досегашни натпревари во сезоната, а голманот Филип Гачевски се надева дека вечерва ќе биде остварен четвртиот триумф во првенството.

„Играме дерби против Работнички што сметам дека повтоно ќе одлучуваат нијанси по минатите натпревари. Работнички е екипа за респект, загубија во минатото коло и сега сигурно ќе сакаат да се поправат. Меѓутоа нашата цел се трите бода и ќе дадеме максимум да ја исполниме. Атмосферата во екипата е одлична и сите сме подготвени за уште еден триумф“, најави Гачевски за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Градското дерби со кое ќе биде отворено шестото коло во Првата македонска фудбалска лига е со почеток во 19 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје. Останатите четири меча се закажани за утре од 15.30 часот. Шампионот Шкендија ќе гостува кај Силекс, Академија Пандев кај Победа, Ренова ќе игра во Тетово против Беласица, а на Шкупи на Чаир ја дочекува Македонија Ѓорче Петров.

Тимот на Академија Пандев е лидер во шампионатот со 12 бода, еден повеќе од Шкендија и Вардар на второто, односно, третото место. Работнички е четврти со девет бода, со Победа има осум на петтата позиција. Долната половина на табелата ја предводи Силекс со пет бода, Ренова има четири, Македонија Ѓорче Петров има три, на дното се екипите на Шкупи и на Беласица кои досега освоија по два бода.

Прва лига, 6 коло

Вардар – Работнички („Филип Втори“, сабота, 19 ч.)

Силекс – Шкендија (градски стадион во Кратово, недела, 15.30 ч.)

Победа – Академија Пандев (стадион „Под Тумбе кафе“ во Битола, недела, 15.30 ч.)

Ренова – Беласива (градски стадион во Тетово, недела, 15.30 ч.)

Шкупи – Македонија Ѓорче Петров (стадион „Чаир“, недела, 15.30 ч.)

Вардар Прва лига Работнички Филип Гачевски фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.