НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Циклонот „Зорбас“ и референдумот во Македонија се топ теми во Грција

0
By Нова ТВ on September 30, 2018 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Циклонот „Зорбас“ е првата, а референдумот во Македонија денеска се топ вести во грчките медиуми. Во неделните изданија на весниците, на информативните портали, во политичките емисии на радио станиците, во вестите, во информативните и дебатни емисии на грчките телевизии, гласањето кај нас, веднаш по невремето, го монополизира вниманието на грчката јавност.

Голем дел од грчките медиуми имаат испратено новинари во Скопје кои уште од петокот известуваат за климата во Македонија, за анализите и процените, но и за важноста на денешниот референдум. На грчките телевизии има јавувања во живо од македонската престолнина.

Грчките новинари освен што ги пренесуваат главните информации и податоци поврзани со референдумот, во однос на тоа колку граѓани имаат право на глас, кога отвораат, а кога затвораат гласачките места, кога ќе бидат познати првичните резултати од ДИК и слично, коментираат дека она што е најважно, не е дали мнозинството ќе гласа „за„ или „против“, туку дали ќе има излезeност.

Референдумот и резултатите во Грција, директно, се поврзуваат и со домашната политичка сцена, со оглед на тоа дека со позитивниот исход, топката полека ќе се префрли на грчки терен.

Анализите во Грција се околу сценаријата за опстанокот на грчката Влада, односно кои би биле следните чекори на коалицискиот партнер Панос Каменос, кој е против Договорот од Преспа и во изминатите месеци излезе со различни најави, од барање договорот да се гласа со зголемено парламентарно мнозинство, па се до последниот став дека Независни Грци ќе се повлечат од владата. Но, се анализираат и следните чекори на опозициската Нова демократија која не отстапува од ставот дека договорот е штетен за Грција. Медиумите не ја исклучуваат можноста, најголемата опозициска партија да достави нова иницијатива за гласање недоверба на владата, со оглед на тоа дека кон средината на декември ќе поминат шесте месеци од последната иницијатива со што одново ќе имаат право да побараа гласање недоверба.

Речиси на сите насловни страници на неделните изданија на грчките весници, одвоен е простор и за референдумот во Македонија. Ова се насловите и поднасловите на текстовите посветени на денешното референдумско гласање во Македонија:

„Катимерини“: „Излезеноста е клучот“;

„То вима“: „Гори сојузот Ципрас – Каменос“, Бура во Атина од референдумот- трилер во Скопје;

„Прото тема“:„Референдум за двајца (Заев – Ципрас)“, ЕУ и САД дадоа се за „да“, Што ќе значи резултатот;

„Реал њуз“: „Политичката сцена жив песок“, Ураганот од Преспа ги брише малите партии;

„Етнос“: „Се ќе зависи од излезноста“;

„Авги“: „Критичен глас, историска шанса“, денес референдум во ПЈРМ

Грција Македонија медиуми реакции референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.