Роџер Федерер од денеска е лидер во уште една статистичка категорија. Швајцарецот го совлада Фабио Фоњини со 6:4, 6:3 во третото коло на Мастерсот во Париз што е негова 363 победа на турнирите од серијата 1.000 оставајќи го зад себе Рафаел Надал со 362.
Негов нареден ривал во „Берси“ ќе биде Јапонецот Кеи Нишикори кој се проби до четврт-финалет по триумфот над Кевин Андерсон со 6:4, 6:4. Меѓу осумте најдобри се пласираа и Доминик Тим, Џек Сок, Новак Ѓоковиќ, новиот број еден на АТП ранг листата, Александар Зверев, Марин Чилиќ и Карен Хачанов.
АТП Мастерс во Париз, 3 коло
Нишикори (Јапонија) – Андерсон (Ј. Африка) 6:4, 6:4
Федерер (Швајцарија) – Фоњини (Италија) 6:4, 6:3
Тим (Австрија) – Чориќ (Хрватска) 6:7, 6:2, 7:5
Сок (САД) – Јазири (Тунис) 6:0, 6:4
А. Зверев (Германија) – Шварцман (Аргентина) 6:4, 6:2
Ѓоковиќ (Србија) – Џумхур (БиХ) 6:1, 2:1 (Џумхур го предаде мечот)
Хачанов (Русија) – Изнер (САД) 6:4, 6:7, 7:6
Чилиќ (Хрватска) – Димитров (Бугарија) 7:6, 6:4