Новак Ѓоковиќ – Кевин Андерсон и Роџер Федерер – Александар Зверев се полуфиналните двојки за завршниот АТП Мастерс во Лондон.
Ѓоковиќ во меч од третото коло во групата „Лејтон Хјуит“ го совлада Марин Чилиќ со 7:6, 6:2 и со сите три победи и 600 АТП бодови го освои првото место на табелата. Во попладневниот термин, Зверев беше подобар од Џон Изнер со 7:6, 6:3.
„Пред мечот знаев дека сум полуфиналист, знаев и со кого ќе играм и затоа не беше лесно да се влезе во дуелот. Двајцата посакувавме триумф од прв момент, првиот сет дефинитивно го реши победникот“, рече Ѓоковиќ по натпреварот.
Полуфиналните дуели во „О2 арена“ се закажани за денеска. Од 15 часот ќе играат Федерер и А. Зверев додека од 21 часот за вториот финалист ќе решаваат Ѓоковиќ и Андерсон.