Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи го барањето на министерот за одбрана Александар Вулин, за промена на ставот кон Македонија и Црна Гора поради поддршката за членството на Косово во Интерпол, изјави вторпат денеска дека Подгорица и Скопје покажале колку Приштина им е многу поважна од Белград.
-Ние таа порака добро ја разбравме. Сакаме добри односи, но ги сфативме нивните приоритети. Ние ќе се однесуваме одговорно и сериозно, почитувајќи ги, но добро разбирајќи ги на кое место не ставаат и во согласност со тоа ќе се однесуваме и во иднина, изјави Вучиќ.
Вулин претходно изјави дека Србија треба да го смени односот кон Македонија и Црна Гора, бидејќи во тие земји, како што рече нема искрени соговорници.
-Ако немаа храброст да гласаат против, можеа да се воздржат и да покажат дека имаат предвид и она што е важно за Србија. Нивните гласови не ја променија одлуката на Собранието на Интерпол, но треба да го промената односот на Србија кон нив, рече Вулин и притоа ја нарече нашата земја „Северна Македонија“.