Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бундестаг: Случајот Груевски „смрди до небо“

0
By Нова ТВ on November 21, 2018 ВЕСТИ
Фото: Ројтерс (ДВ)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 21, 2018 15:26

Унгарија да не се претвора во продолжена рака на автократот Груевски, а Македонија да разјасни дали бегството уследило по дозвола од тамошните власти, бараат пратениците во Бундестагот. На барање на ДВ да ја коментираат ситуацијата околу Груевски и неговиот азил во Унгарија, тие се прилично јасни во своите оценки и очекувања.

Thorsten Frei MdB CDU (DW/Anila Shuka)Торстен Фрај, член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот од пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), која е дел од семејството на Европски народни партии како и партијата на Орбан, Фидес, непосредно пред да биде одобрен азилот за Груевски, за ДВ оцени дека од Унгарија очекува примена на еднакви критериуми за азил:

„Се разбира, многу е тешко од германска перспектива да се проценуваат постапките околу можниот азил кој Никоја Груевски го побара во Унгарија. Шпекулациите околу тоа и во Македонија се многу разнолики. Меѓутоа, во најмала рака очекувам ваква една постапка во Унгарија да се одвива според јасни принципи на владење на правото и да се применат еднакви мерки и критериуми, кои се вообичаени при постапката за азил таму“, оцени Фрај.

Josip Juratovic (DW)Неговиот колега од Комисијата за надворешна политика, социјалдемократот Јосип Јуратовиќ, има многу поостра оценка за случувањата околу Груевски. Тој во изјавата за ДВ вели:

„Ако работата се погледне подобро, таа смрди до небо. ‘Системот Груевски’ се служи со демократски средства. И тоа е она што е навистина вознемирувачко во овој синџир на случувања – како демократски сомнителни сили злоупотребуваат демократски средства. Можам само да се надевам дека Унгарија во случајов постапувала еднакво како во случаите на сите останати баратели на азил. Случајот Груевски со тоа станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија.“

Bonn Global Media Forum GMF 01 | Opening Ceremony Alexander Graf Lambsdorff (DW/K. Danetzki)Заменикот шеф на пратеничката група на Либералите во германскиот парламент, Александер Граф Ламбсдорф, во чија надлежност се прашања од надворешната и безбедносната политика, за ДВ оцени дека „Виктор Орбан, со својата одлука да му даде азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, го постави личното пријателство со поранешниот премиер над правосилната одлука“:

„Зашто, Груевски во Македонија беше осуден на две години затвор поради корупција. Истовремено во тек се други постапки поради изборни манипулации и илегално прислушување на македонските граѓани од страна на тајните служби на земјата. Никола Груевски, наместо да бара засолниште во Унгарија, треба да се соочи со овие обвинувања во законска постапка во Македонија. Однесувањето на Виктор Орбан е натамошна индиција за тоа дека унгарскиот премиер е наклонет кон низок степен на почитување на правната држава и кон толкување на правото на азил според сопствен маштап.“

Andrej Hunko (picture-alliance/dpa/M. Kappeler)Левицата во Бундестагот смета дека постапките во врска со бегството на Груевски се „исклучително чудни и загрижувачки“. Андреј Хунко, експерт за европска политика во Левицата, за ДВ уште додава:

„Токму унгарската влада штити правосилно осуден бегалец. Очигледно не се работи за азил за политички прогонувано лице. Тоа и натаму ја поткопува довербата во правната држава во Македонија, во Унгарија и пошироко. Меѓутоа, треба да се разјасни и дали бегството на Груевски уследило по дозвола на македонските власти, како што многумина во Скопје претпоставуваат.“

MdB Manuel Sarrazin Die Grünen (Imago/allefarben-foto)Мануел Сарацин од Зелените, надлежен за прашања од политиката кон Источна Европа, од унгарската влада очекува „да ја прифати судската одлука од Македонија и да не се претвора во продолжена рака на поранешниот автократски премиер“:

„Од една земја членка на ЕУ со право се очекува да придонесува за зајакнување на правната држава и демократијата во една земја кандидат за приклучување кон ЕУ. Тука, без сомнение, се вбројува и македонското расчистување со времето на владеење на Груевски, одбележано од корупција и самоволие“.

азил Бундестаг Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.