Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Истрага за мајката на тепаното бебе за запуштање и малтретирање

0
By Нова ТВ on November 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 23, 2018 13:34

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Запуштање и малтретирање дете од чл. 201 ст.3 во врска со ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од Кривичниот законик.

Се работи за 14 месечното бебе кое летоска беше примено на КАРИЛ со тешки повреди на мозокот, скршеница на черепот и на нозете. Лекарите тогаш констатираа и стари повреди кај бебето.

Во август СВР Скопје поднесе кривична пријава за мајката.

-Постои основано сомнение дека осомничената, во периодот од 15.06.2018 до 06.07.2018 година, во повеќе наврати, со гру­бо за­по­ста­ву­ва­ње на сво­ја­та долж­ност за гри­жа и вос­пи­ту­ва­ње како родител, го за­пу­штила своето дете и како резултат на тоа кај детето-жртва настапила те­шка те­лес­на по­вре­да, со која бил доведен во опасност неговиот живот. Во временски период  додека таткото на детето родено во мај 2017 година се наоѓал на издржување на казна затвор, мајката не му пружила соодветна родителска грижа на детето, повремено го оставала само или го препуштала на грижа на други лица без притоа да внимава на сигурноста, безбедноста и потребите на детето. Како резултат на тоа, детето се здобило со тешки телесни повреди на телото и главата со кои бил доведен во опасност неговиот живот и на 07.07.2018 година било примено на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се вели во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО истакнуваат дека во рамки на предистражната постапка, надлежен јавен обвинител сослуша повеќе сведоци и ја испита осомничената. Беше издадена Наредба за утврдување на психијатриската состојба на осомниченото лице, како и Наредба за вештачење на видот и карактерот на повредите кај детето.

До овој момент не е утврден идентитетот на лицето што директно ги нанело повредите кај детето, но надлежниот јавен обвинител и натаму презема дејствија за утврдување на фактите и доколку се утврди кривична одговорност на конкретен сторител и против него ќе биде поведена постапка.

Од страна на Центарот за социјални работи на детето му е одреден привремен старател и тоа е згрижено во Домот за доенчиња во Битола.

На 9 јули годинава, 20 годишната мајка, дете без родители и родителска грижа го донела своето 14 месечно бебе во Ургентниот клинички центар во Скопје со намалена свесност како резултат на повредите од тепање. Повредена била и мајката, но без сериозни повреди, по што е пуштена од скопскиот Клинички центар.

14 месечно бебе истрага КАРИЛ ОЈО претепано
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.