Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајката не претепаното бебе не ги пријавила старите повреди на детето

0
By Нова ТВ on July 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 10, 2018 16:26

Иако докторите констатирале и стари повреди, мајката на претепаното бебе никогаш до сега не пријавила насилство врз неа или врз нејзиното бебе кое пред три дена со тешки повреди и со намалена свесност биле примени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ.

Директорот на Урегентен центар доктор Алберт Леши во изјава за НОВА ТВ вели дека ако било поинаку тогаш мајката сигурно ќе била евидентирана во системот на болницата.

„Со интегрираниот систем „Мој термин“ докторите можат да утврдат дали некој и некогаш бил пријавен во болница за било каква интервенција. Сеедно дали во нашиот Клинички центар или во било која друга болница во Македонија. Во овој случај утврдивме дека мајката на бебето во последните 12 месеци никогаш не пријавила дека таа или нејзиното бебе биле претепани или биле жртви на било какви други повреди“, вели Д-р Леши.

НВО сектор обвинува за негрижа надлежните велат дека преземаат сè

Претседателот на Првата детска амбасада во светот  МЕЃАШИ, Драги Змијанац дека овој случај, како и другите досега регистрирани во последниот период „говори за системот во кој социјалните случаи не само што не се заштитени, поддржани, охрабрени да се справат со сиромаштија, насилство, негрижа туку се и жртви на самиот систем. Во таков систем, обесправените и ранливите поединци и групи стануваат поранливи и обесправени, уште посиромашни и социјално и безбедносно несигурни“.

„Центрите за социјална работа не се мобилни, немаат капацитети да им помогнат на семејствата кои стануваат само бројка. Особено загрижува обраќањето на МТСП кое соопштува дека мајката не детето кое се бори за живот и било повредено со тешки повреди е корисник на парична помош, до 18 години имала статус на лице без родители и родителска грижа. Ова уште еднаш потврдува дека државата не е спремна да помогне на случаи во ризик, ранливи групи семејства и деца. Бараме да се најде сторителот на оваа тешка телесна повреда на детето да биде соодветно казнет и бараме одговорност од ЦСР за несоодветно постапување, следење и помош на ова семејство“, вели Змијанац.

Реагираа и од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА од каде што бараат надлежните институции да обезбедат постојана и соодветна медицинска помош и психо-социјална поддршка на жртвите на семејно насилство и тоа во подолг временски период.

„Ги прашуваме одговорните институции зошто порано не презеле мерки на заштита и безбедност за детето и мајката имајќи предвид дека мајката е корисник на социјална помош поради што морала редовно да се обраќа до Центарот за социјални работи? Зарем е возможно никој во надлежните институции да не забележал траги од насилство врз неа и врз нејзината ќерка? Со оглед на тоа дека мајката е пуштена на домашно лекување, ги прашуваме надлежните зошто повторно не е направена проценка за безбедна средина и каде жртвата ќе се врати по напуштањето на болницата?“, велат од ХЕРА.

Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) велат дека за мајката на детето се грижат уште од најрана возраст бидејќи таа е дете без родители. Ги отфрлаат обвинувањата дека грижата за неа била несоодветна.

„Мајката на бебето ни е позната одамна и за неа од секогаш се грижеле социјалните работници што го водат овој случај. Од кога е заведена во МТСП никогаш до сега не било евидентирано било какво несоодветно однесување. Таа секогаш уредно и на време ги ажурирала своите документи со кои ги остварувала правата како лице без родителска грижа. И од кога стана родител со ниту една постапка не навестуваше дека таа не е грижлива мајка. Напротив нашите социјални работници констатирале дека бебето е напредно и ухрането дете. По пуштањето од болница мајката е згрижена во во Центар за заштита на жени жртви на семејно насилство и е под 24 часовна заштита на социјален работник. Детето и е одземено превентивно и за него сега се грижи старател определен од социјалните работници“, изјави за НОВА ТВ в.д. директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје, Наташа Станојевиќ.

Од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ за НОВА ТВ велат здравствената состојба на бебето денеска е подобрена и дека сега лекарите се борат да ги решат акутните проблеми со бебето.

Истрагата трае ОЈО чека на МВР

Истрагата на МВР е сè  уште е во тек. Од таму велат дека случајот е многу чувствителен и дека најпрвин ќе расчистат што се случило, пред да кажат детали.

Од Основното јавно обвинителство чекаат што ќе покаже истрагата на МВР.

„По дадени насоки од Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи интензивно работи за утврдување на идентитетот на сторителот на кривичното дело, како  и за обезбедување на релевантни докази кои ќе го поткрепат случувањата на кривично правниот настан“, соопштија од ОЈО.

Пред три дена 20 годишната мајка, дете без родители и родителска грижа го донела своето 14 месечно бебе во Ургентниот клинички центар во Скопје со намалена свесност како резултат на повредите од тепање. Повредена била и мајката но без сериозни повреди, по што е пуштена од скопскиот Клинички центар.

деца КАРИЛ мајка Меѓаши МТСП насилство ХЕРА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.