НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најсериозниот предизвик за Макрон – решение за насилните протести

0
By Нова ТВ on December 3, 2018 СВЕТ
Фото: Time
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Франција Емануел Макрон побара од премиерот Едуард Филип да се сретне со лидерите на најголемите политички партии во земјата и со претставниците на движењето кое стои зад  протестите поради зголемените давачки на горивата.

Макрон вчера во Елисејската палата се сретна со Филип, со министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер и со министерот за екологија Фарсоа де Рижи при што разговарале за насилсните протесто на „Жолтите елеци“ во Париз.

Во соопштението по средбата се наведува дека Макрон побарал и од Кастанер да разгледа измени на безбедносните процедури за да се запрат насилсните протести. Планираниот состанок на Филип со претставниците на демонстрантите не се одржа, бидејќи беше одбиено барањето, средбата да се пренесува во живо.

Кастанер и неговиот заменик во вторник ќе говорат пред парламентарната комисија за ескалацијата на протестите.

Според полицијата во протестите во саботата повредени се 133 лица, од кои 23 полицајци, запалени се шест згради, 130 барикади и 112 автомобили. Во притвор задржани се 378 луѓе, од кои 33 се малолетни лица.

Жолтите елеци се симбол на истоименото движење кое организира протести ширум Франција поради зголемување на данокот на горивата.

Според француските власти, овие протести се најголемите нереди во Париз од 1968 година.

Најсериозниот предизвик за Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон се соочува со најсериозната политичка криза во земјата од неговото доаѓање на власт во мај 2017 година, предизвикана од протестите на „жолтите елеци“, што започнаа како одраз на незадоволството од вискоите цени на горивата.

„Њујорк Тајмс“ оценува дека по враќањето од Самитот на Г-20, што во петокот и саботата се одржа во Аргентина, Макрон ја затекна Франција во конфузија и разочараност по насилните протести на „жолтите елеци“.

Со цел да придонесе за намалување на тензиите, Маркон му нареди на француксиот премиер Едуар Филип да разговара со претсавниците на демонстрантите, но и со лидерите на опозициските партии, за да се најде решение за излез од кризата.

„Фајненшал Тајмс“ смета дека антивладините протести ширум Франција предизвикаа шок во Париз и го принудија Макрон на итна акција за излез од кризата, кој викендов дури свика и вонредна владина седница посветена на протестите.

Протестите на движењето на  „жолтите елеци“ изминативе два дена, беа трет викенд по ред на насилство во Франција од почетокот на собирите против високите цени на горивата. Движењето заполна спонтано како собири организирани преку социјалните мрежи, но прерасна во масовни протести против економските реформи на Макрон, кои засега не ги дадоа очекуваните резултати.

Макрон претходно тврдеше дека никогаш нема да отстапи пред уличните протести, нема да се испалши и нема да се откаже од својот пробизнис проект за трансформација на Франција и справување со децинската масовна невработеност и спориот економски раст.

Но, секојдневните протести и растечкото незадовоство на населението го натераа Макрон да прифати разговори со „жолтите елеци“ и да ги разгледа нивните барања.

Макрон се обидува да се претстави себеси како прогресивен лидер кој ќе ја предводи борбата против национализмот и популизмот во Европа, но, како што оценува „Гардијан“, тоа нема да му биде лесно се додека во Париз горат барикади, а демонстрантите неговата Влада ја сметаат за „арогантна елита“.

Проблемите за Макрон лежат во тоа што тој се покажа како неподготвен за вакви протести, кои почнаа како спонтан израз на незадоволството, но прераснаа во собири зад кои застанаа политички лидери, синдикати и политички партии.

Француската Влада не го предвиде овој граѓански бунт, кој може да се покаже како иницијална каписла за поттикнување на гневот на јавноста од високите даноци и големите државни трошоци.

„Гардијан“ оценува дека единстевна надеж на Макрон за спречување нови насилства е да ги смири протестите и граѓанскоот незадоволство, предложувајќи конкретни решенија.

данок на горива Макрон насилства Париз протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.