НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига на шампиони: Бламажа на Реал М. на „Бернабеу“, Рома поразена во Плзен

0
By Нова ТВ on December 12, 2018 СПОРТ
Фото: football-espana.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реал Мадрид и Рома се избламираа во мечевите од последното шесто коло во фазата по групи во Лигата на шампиони. Иако од претходно се осигураа како осминафиналисти во клупската елита на УЕФА, сепак, фаворитите во конкуренцијата Г се луксузираа со сопствениот имиџ и реноме. Особено „кралскиот“ клуб кој загуби на „Сантијаго Бернабеу“ со 0:3 од ЦСКА Москва.

Сантијаго Солари ги остави на клупа Бејл, Крос, Модриќ, Карвахал, Варане, поради повреда не можеше да смета на Каземиро, па шанса даде на играчи кои имаат мала или никаква минутажа како Валјехо и Одриозола во одбраната, Валверде во средниот ред и Жулуис Виничиус во нападот. Тие, пак, се посрамотија и себеси и клубот.

Фјодор Чалов во 37. минута, Георги Шчеников во 43. минута и Арнор Сигурдсон во 73. минута погодија за рускиот претставник чиј триумфот на крајот е пиров со оглед дека и Викторија во Плзен ја совлада Рома со 2:1 и поради подопбриот скор во меѓусебните дуели продолжува во Лига Европа. Ако може да се бара некаква утеха за „армејците“, тогаш тоа е фактот што славеа во двете средби со европскиот првак без примен гол (во Москва во првиот меч победија со 1:0).

Сите три гола во Плзен беа постигнати во второто полувреме. Чешка Викторија триумфира над „волчицата“ со 2:1 со головите на Јан Коварик во 62. минута и на Томас Хори во 72. минута. Во меѓувреме, во 68. минута, Ченгиз Ундер беше стрелец на единствениот гол за гостите од Рим.

Лига на шампиони

Резултати, 6 коло

Група Г

Викторија Плзен – Рома 2:1

Реал Мадрид – ЦСКА Москва 0:3

Табела: Реал Мадрид 12, Рома 9, Викторија Плзен 7, ЦСКА Москва 7.

Лига на шампиони Реал Мадрид Рома фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.