НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекинат протестот на Клинички, во тек е постапка да им се врати паркингот

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прекинат е протестот и блокадата на паркингот на Клинички, со ветување од министерот за здравство Венко Филипче дека во тек е постапка да им се врати паркингот во владение. На 24 и 25 декември Синдикатот на вработените на Клинички же има средба со премиерот Зоран Заев на која ќе се разговара за покачувањето на платите на која ќе се инсистиратоа да не биде селективно туку подеднакво за сите вработени, изјави денеска претседателот на Синдикатот Горан Беговиќ.

– Завршен е протестот, министерот Филипче ни рече дека паркингот ќе се врати во владение на Клиничкиот центар, и тој дел е остварен. Но продолжуваме со преговорите за зголемување на платите, што е наш голем проблем, а за што што ќе имаме средба и со премиерот Заев на 24. и 25. декември. Најголемиот револт и незадоволството е што процентите на последното зголемување на платите на вработените се селектирани. Не се сите доктори во Клинички, а ни тие не се задоволни од ветеното зголемување. А и коефициентите за зголемувањето на плати не се со еднаков процент за сите. За сево ова ќе преговараме, а дали зголемувањето на платите ќе биде 15, 10 или 5 отсто, ќе видиме, рече Беговиќ.

Членот на Синдикатот Ивица Апостолов истакна дека вработените во Клинички се незадоволни и треба ресорниот министер Флипче да обезбеди пари за ветеното зголемување на платите.

-Барањето е за сите вработени да биде еднакво зголемувањето, а не селективно, бидејќи со селективно покачување ќе се направи раздор меѓу вработените. Ние сме сите во еден систем и не треба да има поделби меѓу нас, рече Апостолов.

Од Синдикатот на Клинички апелираа протестот да не се злоупотребува политички.

– Апелираме политичките партии да не помислуваат да профитираат од овој наш протест, зашто во Синдикатот има претставници кои се и од ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ и од ДУИ и од другите партии, рече Беговиќ.

Беговиќ клинички паркинг плати протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.