Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење Саздовски: Јавноста е исклучена, се гледаат снимки од препознавање

0
By Нова ТВ on December 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 25, 2018 13:49

На судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски во Кривичниот суд се репродуцираат видео материјали од процесот на препознавање на сторителите на кривичното дело.

Пред изведување на видео снимката судијката Даниела Алексовска ја исклучи јавноста, со оглед дека станува збор за препознавање од малолетно лице.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и изведување на материјални докази предложени од Обвинителството. На почетокот на рочиштето Обвинителството го повлече од листата на предложени докази предлогот да биде изведена видео снимка од системот „безбеден град“ .

Како материјални докази предложени се и вештачења и фотографии на автомобилот на обвинетите, потврди од одземени предмети и анализи, фотографии, психијатриски вештачења, лекарски извештаи и извештаи и записници од МВР.

Судот по сослушување одлучи и го одби како неоснован во оваа фаза на постапката, предлогот на адвокатот на семејството на Саздовски за изведување докази со ПИ мерки, односно за форензичко вештачење на компјутерите на сега починатиот Никола Саздовски и обвинетите, како и пребарување на нивната фејсбук и електронската комуникација.

Следното рочиште за предметот е закажано за 21 јануари 2019 година, кога најверојатно ќе се врши реконструкција.

За убиството на Никола Саздовски обвинети се три лице, од кои Бесир Беља и Скендер Демири се во притворво затворот Шутка во Скопје, а третообвинетиот Ј. Љ. (19) е во бегство и распишана е домашна и меѓународна потерница.

Според обвинителниот акт Беља и Дамири, заедно со Ј. Љ. на 29 јуни годинава крвнички го претепале Никола Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ во Автокоманда. Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули годинава почина во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

докази препознавање Саздовски судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.