Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција забрзaно ќе враќа одбиени азиланти, меѓу нив и македонски државјани

0
By Нова ТВ on January 4, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 4, 2019 19:37

Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер побара од префектурите во земјата решително да ги применуваат одредбите од новиот закон за азил што стапи во сила на 1 јануари, со цел да се забрза екстрација на лицата на кои им е одбиено барањето за азил.

Во писмо испратено до префектите и до раководителите на полицијата и на националната жандармерија, Кастанер потсетува дека новиот закон ги заострува условите за стекнување на право за останување на територијата на Франција за некои баратели на азил, особено за оние што доаѓаат од безбедни земји на потекло.

„За оние што се одбиени, мора да ја преземете обврската да ја напуштат територијата на Франција согласно одлуката на ОФПРА, француско Биро за заштита на бегалци и лица без државјанство, наведува Кастанер во писмото.

Тој во писмото потсетува на различните аспекти на законот и бара примена на одредби што „претставуваат главен елемент на реформата, како домашниот притвор или задржување во специјалните центри за засегнатите лица“.

Новиот закон овозможува продолжување на максималната должина на мерката притвор за одбиените баратели на азил на 90 дена, наместо досегашните 45, со цел да се обезбедат потребните документи за екстрадиција на овие лица во земјата од која потекнуваат.

„Вашата вклученост во ова е суштински услов за успех на реформата“, се наведува во писмото.

Досега, ако одбиениот барател на азил поднесеше жалба на решението до Националниот суд за баратели на азил, постапката за негова екстрација се одлагаше до завршување на процесот. Но, со новиот закон, за да запре процесот на екстрадиција одбиениот азилант мора да отпочне посложена судска постапка пред Управниот суд, кој сега е надлежен за одлагање на протерувањето. Оваа измена наиде на силни критики од страна на здруженијата за заштита на странците.

Новата законска мерка се однесува и на македонските државјани кои бараат азил во Франција, исто како и за граѓаните на сите држави од Балканот, бидејќи тие, како и Македонија, се сметаат за „безбедни земји“.

Албанците најбројни баратели на азил, Македонија на трето место 

Во 2017 година, албанските државјани, со вкупно 7.633 барања, беа најбројни Европејци кои аплицираа за азил во Франција.

Во исто време, Македонија со 595 апликации за азил е трета на листата на европските земји чии државјани барале азил во Фрација. Ако на ова се додадат и 445 малолетни апликанти од Македонија, вкупната бројка на македонски државјани кои побарале азил во Франција во 2017 година изнесува 1.118. Од сите баратели на азил од Македонија во 2017 година, дозвола за останување во Франција добиле само пет жени.

Барањата на азил на државјаните од Македонија се разгледуваат во скратена постапка и со новите законски измени, таа постапка ќе биде уште побрза од досегашната.

азил Баратели екстрадиција Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.