Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоилов: Одиме чекор по чекор, без грч и залетување

0
By Нова ТВ on January 11, 2019 ВЕСТИ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 11, 2019 22:31

Задоволство од таборот на македонската репрезентација по стартната победа на Светското ракометно првенство во Германија. Јапонија е архивирана на начинот каков се посакуваше, од резултатски аспект пред се. Остварен е убедлив триумф со средно трошење на силите што дојде како последица на брзата игра што ја негуваат и практикуваат популарните „самураи“. Конечни 38:29 (полувреме 18:13), пробиена е прихолошката бариера за многу покомотно дочекување на наредниот предизвик наречен Бахреин.

„Одиме, како што најавивме, чекор по чекор, без грч и без залетување. Друг избор немаме. Нема потреба од такво нешто. На Светско првенство сме, форматот нуди голем број на мечеви. Со Јапонија минавме релативно лесно, но не беше така и на терен“, се првите импресии на Стојанче Стоилов по воведниот мундијалски час игра на Македонија во Минхен.

Победа си е победа и покрај пропустите, пред се, во одбрана што се провлекоа во текот на средбата. Среќна околност е што не се одразија на конечниот исход и што се запишани првите бодови во групата Б. Следува ден пауза за ракометарите, па меч со Бахреин во кој, исто така, важат за фаворити пред трите сериозни предизвици во кои ќе се бара и шанса за прогрес во главната групна фаза.

„Јапонија е зад нас. Пред нас е Бахреин. Имаме 48 часа за одмор и за анализа. Фаворити сме и во тој втор меч на Светското првенство што нема да биде случај во трите што ќе следуваат, а во кои ќе одиме на се или ништо. Се надевам дека во недела ќе биде полесно за шанса да добијат и помладите и дебитантите за сите да почувствуваат како е на големо натпреварување“, додаде Стоилов.

Стоилов постигна седум гола против Јапонија и беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот.

Јапонија Македонија ракомет репрезентација СП 2019 Стојанче Стоилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.