Државниот секретар на САД, Мајк Помпео ја поздрави одлуката на македонското Собрание за усвојување на уставните амандмани што беа неопходни за ратификација на Договорот од Преспа за решавање на спорот со името со Грција.
„Македонските лидери демонстрираа визија, храброст и истрајност во настојувањето да најдат решение за спорот со името што ќе овозможи земјата со право да го заземе нејзиното место во НАТО и во Европската унија како Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Помпео посочи дека САД ја гледаат одлуката како историска шанса за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.