Германија и Франција го одиграа највозбудливиот меч на ракометното Светско првенство, но победник немаше. Конечни 25:25 во битката за Берлин по која незадоволни останаа домашните ракометари и фанови. „Панцирите“ беа на чекор до победа (25:24) меѓутоа нивната радост ја расипа Тимоте Енгесо кој во последната секунда ја „распара“ мрежата на Волф и извлече бод за бранителот на тронот со кој го задржа водечкото место на табелата во групата А.
Мае ја предводеше листата на стрелци со осум гола, по три за „триколорите“ додадоа Недим Ремили и Лудовик Фабрегас. Најефикасни во германската селекција беа Уве Геншајмер, Фабијан Виде и Мартин Штробел, сите тројца постигнаа по три погодоци, за играч на натпреварот беше прогласен Виде.
СП во ракомет (м)
Група А, 4 коло
Германија – Франција 25:25
Кореја – Србија 29:31
Русија – Бразил 23:25
Табела: Франција 7, Германија 6, Русија 4, Бразил 4, Србија 3, Кореја 0
Идно коло (четврток): Бразил – Кореја (15.30 ч.), Германија – Србија (18 ч.), Франција – Русија (20.30 ч.)
Група Ц, 4 коло
Саудиска Арабија – Тунис 20:24
Норвешка – Чиле 41:20
Австрија – Данска 17:28
Табела: Норвешка 8, Данска 8, Тунис 4, Австрија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0.
Идно коло (четврток): Чиле – Саудиска Арабија (15 ч.), Австрија – Тунис (17.30 ч.), Данска – Норвешка (20.15 ч.)