Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Германија го преслуша Исланд, дербито на денот за Франција

0
By Нова ТВ on January 19, 2019 СПОРТ
Фото: handball19.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 19, 2019 22:58

Фаворитите според планот и очекувањата, Франција подобра од Шпанија во дербито на денот во главната фаза на Светското ракометно првенство.

Германија го совлада Исланд со 25:22 во распродадената „Ланксес арена“ во воведните мечеви во новоформираната група Е во Келн. Исланѓаните успеваа да држат резултатски чекор во првата половина од првото полувреме по што „панцирите“ го засилија темпото во двата правца и паузата ја дочекаа со плус 4 (14:10). Скандинавците во продолжение се обидоа да се вратат во игра меѓутоа се што направија беше доближување во два наврата на два гола од ко-домаќинот на турнирот кој на голот го имаше одличниот вечерва Волф.

Данска очекувано излезе на крај во дуелот со Унгарија во групата Ф со 25:22, конкуренција во која и Шведска беше убедлива против Тунис 35:22.

Франција, пак, славеше над Шпанија со 33:30 и привремено го презеде врвот на табелата во групата Е бидејќи утре попладне (18 ч.) непоразената досега Хрватска ќе игра со Бразил. „Триколорите“ беа во водство од прва до последна минута во пресметката со „црвената фурија“, а во еден момент имаа и шест гола повеќе од ривалот (26:20). Шпанците намалија на 32:30 во финишот, имаа и два напада за минус 1 во што ги спречи голманот Цирил Димулан.

Најефикасни кај актуелните светски прваци беа Дика Мем и Лудовик Фабрегас кои постигнаа по шест гола, прв стрелец во натпреварот беше Феран Сала Соле со 11 погодоци.

Денеска на СП настапи и Македонија во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место. „Црвено-жолтите“ загубија од Русија со 28:30 и утре од 13 часот во Келн ќе играат против Чиле за утешното 15. место на ревијалниот „Президент Куп“.

СП во ракомет (м) – главна фаза

Група Е

Германија – Исланд 25:22

Франција – Шпанија 33:30

Табела: Германија 5, Франција 5, Хрватска 4 (-1), Шпанија 2, Бразил 0 (-1), Исланд 0.

Двојки за недела (20 јануари): Бразил – Хрватска (18 ч.), Исланд – Франција (20.30 ч.)

Група Ф

Данска – Унгарија 25:22

Тунис – Шведска 23:35

Табела: Данска 6, Шведска 6, Норвешка 2 (-1), Египет 1 (-1), Унгарија 1, Тунис 0.

Двојки за недела (20 јануари): Унгарија – Тунис (18 ч.), Норвешка – Египет (20.30 ч.)

Разигрување за пласман од 13 до 16 место

Русија – Македонија 30:28

Чиле – Катар 27:37

Двојки за недела (20 јануари): Македонија – Чиле (13 ч.), Русија – Катар (15.30 ч.)

Разигрување за пласман од 17 до 20 место

Австрија – Аргентина 22:24

Србија – Бахреин 32:27

Двојки за недела (20 јануари): Бахреин – Австрија (18 ч.), Србија – Аргентина (20.30 ч.)

Разигрување за пласман од 21 до 24 место

Саудиска Арабија – Ангола 34:29

Кореја – Јапонија 27:25

Двојки за недела (20 јануари): Јапонија – Ангола (15.30 ч.), Кореја – Саудиска Арабија (15.30 ч.)

„Трофеј Македонија“ Германија Данска Ракомет (м) СП 2019 Франција Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.