Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За првпат на ракометниот Олимп: Данска е нов светски шампион

0
By Нова ТВ on January 27, 2019 СПОРТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 27, 2019 21:57

Данска ја освои првата светска шампионска титула во ракомет по победата во скандинавското финале над Норвешка со 31:22 (полувреме 18:11). На крилјата на своите навивачи од трибините, но и на Микел Хансен на теренот, Данците без проблеми ја решија и последната домашна задача на 26. СП и во витрините го додадоа трофејот што им недостасуваше во богата колекција на одличја од Европските првенства и Олимписките игри.

Левиот бек на ПСЖ, Микел Хансен беше дански предводник со седум гола, пет реализира Мортен Олсен, а по четири додадоа Ласе Сван Хансен, Расмус Лауге и Мадс Менсах Ларсен. Најефикасен во финалето беше норвешкото лево крило, Магнус Јондал со десет погодоци.

Бронзениот медал, пак, дојде како утеха за Франција која на турнирот пристигна како бранител на титулата од шампионатот пред две години. „Триколорите“ во полуфиналето беа елиминирани од Данска со 30:38, а денеска во натпревар за третото место ја поразија Германија со 26:25 со голот на Никола Карабатиќ во последната секунда.

Меѓу 24 репрезентации што учествуваа на Светското првенство во Германија и во Данска беше и македонската која на крајот го освои 15. место. „Црвено-жолтите“ забележаа две победи во прелиминарната групна фаза во Минхен – над Јапонија со 38:29 и на над Бахреин со 28:23 и три порази – од Хрватска 22:31, од Шпанија 21:32 и од Исланд 22:24.

Со таков биланс го освоија четвртото место на табелата во групата Б што упати во Келн на разигрување од 13 до 16 место на турнирот. Во првиот настап во „Ланксес арена“ следуваше пораз од селекцијата на Русија со 28:30, а потоа и триумф над Чиле со 32:30.

СП 2019 во ракомет (м)

Финале: Данска – Норвешка 31:22

За трето место: Германија – Франција 25:26

Конечен пласман на СП 2019

1. Данска, 2. Норвешка, 3. Франција, 4. Германија, 5. Шведска, 6. Хрватска, 7. Шпанија, 8. Египет, 9. Бразил, 10. Унгарија, 11. Исланд, 12. Тунис, 13. Катар, 14. Русија, 15. МАКЕДОНИЈА, 16. Чиле, 17. Аргентина, 18. Србија, 19. Австрија, 20. Бахреин, 21. Саудиска Арабија, 22. Јужна и Северна Кореја, 23. Ангола, 24. Јапонија.

Данска Норвешка Ракомет (м) СП 2019 финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.