Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вицепремиерот Османи во посета на САД и на Молитвен појадок со Трамп

0
By Нова ТВ on February 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 3, 2019 17:58

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оваа недела ќе престојува во неколкудневна работна посета на Вашингтон во рамките на која ќе учествува и на традиционалниот Молитвен појадок во организација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, во рамките на посетата Османи ќе оствари средби и со високи претставници на администрацијата на Белата куќа меѓу кои и со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, како и со Вилијам Беркли директор за НАТО и европски прашања во Националниот совет за безбедност при администрацијата на Белата куќа.

Планирана е посета и на американскиот Конгрес каде Османи ќе оствари средби со бројни конгресмени и сенатори, меѓу кои и со конгресменот Стив Стилерс, кој до јануари оваа година ја вршеше функцијата претседател на Националниот републиканскиот комитет во Конгресот на САД, потоа со конгресменката Деби Дингел, ко-претседавач со Демократскиот комитет за креирање политики во Конгресот на САД, а централна посета на Конгресот ќе биде средбата со новиот претседавач со Комитетот за надворешна политика во Конгресот, Елиот Ејџел.

Во рамките на посетата Османи ќе учествува и на тркалезната маса пред претставниците на една од највлијателните тинк-тенк организации во САД чија тема е соработката на САД и Европа – „Германскиот Маршалов Фонд“ (German Marshal Fund) пришто ќе има обраќање на тема „Следните чекори: Македонија на пат кон демократските реформи и членството во НАТО и ЕУ“.

На Агендата на Османи се и посетите на најголемите американски меѓународни институти, каде ќе оствари средба со Пол МекКарти, регионален директор за Европа при Меѓународниот републикански институт (ИРИ), како и со Шери Брајан, потпретседател на Демократскиот национален институт (НДИ).

Посетата на Османи на САД доаѓа во еден од најважните периоди за европската и евроатлантската иднина на земјава, по усвојување на Договорот од Преспа од страна на Македонија и Грција, со што се расчистува патот за евроатлантската интеграција на земјава.

Бујар Османи Молитвен појадок посета САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.