Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трката за селектор на ракометарите може да почне: РФМ објави конкурс со шест критериуми

0
By Нова ТВ on February 18, 2019 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 18, 2019 14:45

Трката за селектор на машката ракометна репрезентација почнува денеска и ќе трае во наредните пет дена. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го објави конкурсот со критериуми што треба да ги исполнува наследникот на Раул Гонзалез. Покрај ставот да нема клупски ангажман со цел да биде целосно фокусиран на работата со националниот тим што го најави и претседателот Живко Мукаетов на редовното годишно собрание викендот, пропишани се уште пет услови.

Како прва точка во конкурсот е наведено CV со постигнати резултати. Под два е висока стручна спрема (седми степен) или виша стручна спрема (шести степен) во областа на спортот. „Тројката“ е резервирана за поседување на лиценца за ракометен тренер од минимум трета категорија или, пак, ЕХФ лиценца за Мастер тренер согласно ЕХФ Ринк конвенцијата.

Од идните потенцијални селектори се очекува и план и програма за работа со репрезентацијата за четири години, период за кој се бара план и програма за работа и со младите селекции како и познавање на еден светски јазик. Пристигнатите апликации ќе бидат разгледувани од тричлена комисија за избор на селектор во состав Гино Стрезовски, Дарко Алексов и Ѓорѓи Тренкоски.

Македонската ракометна репрезентација е без кормилар по спогодбениот раскин на договорот меѓу Федерацијата и Раул Гонзалез. Објавата за разделба на двете страни беше лиферувана на четврти февруари, една недела по завршување на Светското првенство во Германија и во Данска на кое „црвено-жолтите“ го освоија 15. место. Од РФМ најавија дека новиот селектор ќе биде назначен најдоцна до средина на март со оглед дека националниот тим во април го очекува двомеч со Исланд во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

конкурс ракомет Репрезентација (м) РФМ селектор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.