Динамо Загреб ќе игра против Бенфика во осминафиналето во фудбалската Лига Ецропа. Воведните 90 минути од хрватско-португалскиот ќе се одиграат на „Максимир“ на 7 март, реваншот е седум дена подоцна во Лисабон.
Ждрепката за осминафиналните двојки донесе и два шпанско-руски дуели. Валенсија за ривал го доби Краснодар, а Вилјареал ќе излезе на мегдан на Зенит Санкт Петербург.
Од фаворитите за освојување на титулата, Челзи ќе игра со Динамо Киев, Арсенал со Рен, а Севилја, се чини, доби најлесна задача и ја извлече Славија Прага.
Лига Европа, осминафинале, двојки
Динамо Загреб – Бенфика
Арсенал – Рен
Челзи – Динамо Киев
Ајнтрахт Франкфурт – Интер
Наполи – Салцбург
Зенит Санкт Петербург – Вилјареал
Валенсија – Краснодар
Севилја – Славија Прага
Првите средби ќе се одиграат на 7 март, реваншите на 14 март.