Ливерпул и Барселона се последните четвртфиналисти во фудбалската Лига на шампиони. И Каталонците и „црвените“ од „Енфилд“ славеа во реванш осминафиналните дуели против Баерн Минхен, односно, Олимпик Лион по нерешените 0:0 во првите средби.
Ливерпул го совлада Баерн на „Алијанц арена“ со 3:1 и заслужено си обезбеди место во ждрепката за четврт-финалето во петок во Нион. Садио Мане беше двоен стрелец за премиерлигашот во 26. минута и во 84. минута, во меѓувреме за европскиот вицепрвак погоди и Вирџил ван Дајк во 69. минута. Голот за Баварците впрочем беше автогол на Жоел Матип во 39. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=FD8Ew0aBy2c
Барселона со 5:1 го реши во двомечот со Олимпик Лион и остана да ја брани честа на шпанскиот фудбал во еминентното натпреварување на УЕФА по елиминациите на Реал Мадрид и на Атлетико Мадрид од Ајакс, односно, Јувентус. Двапати Меси во 18. минута од пенал и во 78. минута и по еднаш Кутињо во 31. минута, Жерар Пике во 81. минута и Осман Дембеле во 86. минута беа стрелци за екипата на Ернесто Валверде.
https://www.youtube.com/watch?v=fHsV8rOD4aw
Во четврт-финалето во Лигата на шампиони, покрај Ливерпул и Барселона, ќе играат и Јувентус, Манчестер сити, Тотенхем, Ајакс, Манчестер јунајтед, Порто.
Лига на шампиони
Осминафинале, реванши
Баерн Минхен – Ливерпул 1:3 (0:0)
Барселона – Олимпик Лион 5:1 (0:0)
Во заграда се резултати од првите мечеви