Наполи – Арсенал е дерби двомечот во четврт-финалето во фудбалската Лига Европа. Првиот натпревар е на „Сан Паоло“ на 11 април, реваншот е седум дена подоцна на „Емирати“ во Лондон. Противник на Челзи во четврт-финалето ќе биде Славија Прага, Ајнтрахт Франкфурт ќе игра со Бенфика, а Вилјареал со Валенсија.
Ова е епилог од ждрепката за ЛЕ во седиштето на УЕФА во Нион на која, како и во случајот со ЛШ, се познати и можните полуфинални дуели. Подобриот од Наполи/Арсенал ќе игра со победникот од шпанската пресметка Вилјареал/Валенсија, односно, победникот од Ајнтрахт Франкфурт/Бенфика ќе оди на мегдан на Славија Прага/Челзи.
Термини за полуфиналните средби се 2 мај и 9 мај, финалето е на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку.
Двојки за четврт-финале во ЛЕ (11/18 април
Наполи – Арсенал
Вилјареал – Валенсија
Бенфика – Ајнтрахт Франкфурт
Славија Прага – Челзи
Двојки за полуфинале во ЛЕ (2/9 мај)
Наполи/Арсенал – Вилјареал/Валенсија
Бенфика/Ајнтрахт Франкфурт – Славија Прага – Челзи