Зинедин Зидан ја почна мисија „ресет“ на Реал Мадрид. Французинот имаше победнички кам-бек на „Бернабеу“ по постигнатиот договор со Флорентино Перез за преземање на „кралевите“ на што претходеше отказ за Сантијаго Солари. Под негово водство е совладана Селта со 2:0 со погодоци во второто полувреме. Првиот беше дело на Иско по додавање на Карим Бензема, вториот на Герет Бејл по „послужување“ од Марсело.
Судината што претходно ја доживеа Реал Мадрид да загуби се што може во сезоната во само една недела, се пресликува и кај градскиот ривал Атлетико. Атлетик Б. ги порази „јорганџиите“ со 2:0 и даде сол на рани што сè уште се свежи по гостувањето кај Јувентус и елиминацијата во Лигата на шампиони. Тимот од Билбао ја почувствува замаеноста на четата на Диего Симеоне и им зададе нов удар што овојпат се однесува на борбата за титула во домашното првенство.
Примера, 28 коло
Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 2:0
Реал Мадрид – Селта 2:0
Уеска – Алавес 1:3
Реал Сосиедад – Леванте 1:1
Легањес – Џирона (во тек)
Недела
Еибар – Валјадолид (12 ч.)
Еспањол – Севилја (16.15 ч.)
Валенсија – Хетафе (18.30 ч.)
Вилјареал – Рајо Валјекано (18.30 ч.)
Бетис – Барселона (20.45 ч.)
Табела: Барселона 63 (-1), Атлетико Мадрид 56, Реал Мадрид 54, Хетафе 45 (-1), Алавес 44, Севилја 40 (-1), Валенсија 39 (-1), Бетис 39 (-1), Атлетик Билбао 37, Реал Сосиедад 36, Еибар 35 (-1), Еспањол 34 (-1), Легањес 33 (-1), Џирона 31 (-1), Леванте 31, Валјадолид 26 (-1), Вилјареал 26 (-1), Селта 25, Рајо Валјекано 23 (-1), Уеска 22.