Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Еден од пет милиони“ по 16 пат во Белград: Оставки, па слободни и фер избори за шест до девет месеци

0
By Нова ТВ on March 24, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 24, 2019 15:59

Оставки од претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, собранискиот спикер Маја Гојковиќ, оставка на раководството на РТС и обезбедување услови за одржување на слободни и фер услови во рок од шест до девет месеци се барањата од синоќешниот, 16-ти, граѓански протест „Еден од пет милиони“ во Белград.

Пораките до власта ги изнесе актерот Бранислав Лекиќ од Демократската странка (ДС), кој кажа дека доколку до овој рок не се исполнат условите, „цела Србија ќе се собере во Белград на 13 април“.

На протестот говореше и генералот во пензија од ДС, Срета Малиновиќ кој оцени дека „полагањето војничка заклетва на 50 години после три дена обука на министерот за одбрана Александар Вулин е понижување на Србија.“

Повеќеилјадната колона на граѓани, која беше значително поголема од изминатите протести, под називот „Исти барања-нема повлекување“ мирно се упати во протестна прошетка низ централните белградски улици, до зградата на РТС, каде беше изведен перфомансот „Дневник на слободна Србија“ од страна на приведените студенти од минатонеделните протести и упадот во РТС.

На влезот на РТС беа лидерите на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас и Јанко Веселиновиќ, свртени кон собраните демонстранти, на тој начин бранејќи некој да не влезе во зградата.

Ѓилас рече дека влегувањето во зградата на РТС минатата сабота е реакција на граѓаните, бидејќи власта не сакала да ги слушне граѓаните кои протестираат.

„Неопходно е властите да разберат дека не можат а да не разговараат со своите граѓани“, рече Ѓилас, и ги повика граѓаните да положат цвеќе на влезот на РТС за жртвите од НАТО бомбардирањето, но и за медиумскиот мрак во Србија.

Вчера, од страна на опозициската Социјал-демократска странка (СДС) на поранешниот претседател Борислав Тадиќ најавија спојување со Демократската странка, чин кој беше најавен како окрупнување на опозицијата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ одбива каков било дијалог со граѓаните, а особено со опозицијата. Тој вчера изјави дека „мислел оти има работа со лидери кои се нормални и рационални, но видел дека има работа со двајца тајкуни кои брзаат да ги обноват своите финансии со грабеж на државниот имот и со еден фашист“. Изнесе и оцена на значењето на протестот пред зградата на претседателството што била опкружена за, како што рече, „да го убијат.“

Тој повторно ги поврза демонстрациите во Србија, со состојба во „некогашна Македонија“, изјавувајќи дека „тие (српската опозиција) сакаат да добијат техничка влада, па сите медиуми да работат како што работи РТС последните три дена и сите мора да бидат како ТВ Н1, а другите да се угасат.“

Александар Вучиќ барања Белград Еден од пет милиони протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.