Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туризам во Грција: Македонците лани оставиле 155 милиони евра

0
By Нова ТВ on April 27, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 27, 2019 12:31

Над еден милион туристи од Северна Македонија во текот на 2018 година ја посетиле Грција. Притоа се реализирале преку 155 милиони ноќевања, а приходите за јужниот сосед достигнале до 155 милиони евра. Ова го покажува годишниот извештај на Банката во Грција.

Во периодот јануари-декември лани, 1.187.200 милиони Македонци ја посетиле Грција што е за 24,5 отсто помалку во споредба со 2017 година. Доколку се направи споредба меѓу годишните извештаи на гршката Банка за последните четири години, се забележува тренд на опаѓање на бројот на туристи од земјава за, речиси, трипати.

Податоците, поконкретно, изгледаат вака: во 2015 година – 3.023.100 туристи, во 2016 година – 1.721.100 туристи, во 2017 година – 1.571.500 туристи, во 2018 година – 1.187.200 туристи.

Намалување се забележува и во бројот на ноќевања. Во текот на 2018 година се регистрирани 155.258.000 милиони ноќевања на туристи од Северна Македонија, 13,6 отсто помалку во споредба со 2017 година кога се запишани 179.696.900 преноќувања.

Профит за Грција од туристите од Северна Македонија за 2018 година достигнал 155,3 милиони евра или 13,6 отсто помалку во споредба со 2017 година.

Во 2015 година, кога бил регистриран и најголем број туристи од земјава во Грција, приходите за јужниот сосед достигнале 247 милиони евра.

Во годишниот извештај од Банката, детално се објавени статистичките податоци за туристички пристигнувања според земјата на потекло на туристите, бројот на ноќевања според земјата на потекло, како и приходите за Грција. Вклучени се земјите членки на ЕУ од евро зоната (Австрија, Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија и Кипар), земјите што се надвор од еврозоната (Данска, Обединетото Кралство, Шведска и Бугарија) и други земји (Швајцарија, САД, Република Северна Македонија и Русија).

Во однос на општата слика, во 2018 година за 9,7 отсто е зголемен бројот на туристички пристигнувања во споредба со 2017 година. Минатата година биле регистрирани 33.072.000 милиони туристи во Грција.

Најбројни биле туристите од Германија (4.381.400 милиони), а Грција од нив имала и најголем профит од 296,1 милиони евра.

Грција Македонија Ноќевања Профит Статистика туристи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.