Кинеската полиција откри мрежа на фалсификувани „Лего“ коцки и заплени детски играчки во вредност од 30 милиони долари, објавија властите во земјата.
Полициски службеници извршија претрес во просториите на „Лепин“, кинески производител на играчки, што во Шенжен произведувале лажни „Лего“ коцки пришто се уапсени четири лица.
„Шангајската полиција во октомври откри дека коцките што ги произведува „Лепин“ се слични со оние на „Лего““, се вели во полициското соопштение.
Играчките што се произведувале во Шенжен биле пресликани од нацрти на „Лего“ и се дистрибуирале и продавале низ целата држава.
„Во повеќе од десет производствени погони се запленети околу 630.000 играчки чија вредност се проценува на 30 милиони долари“, порачуваат од полицијата на Шангај.
Мал комплет на коцките „Лепин“ се продавал по три долари, а почетната цена на таквите „Лего“ коцки е 15 долари. „Лего“, пак, во февруари оваа година отвори продажно место во Пекинг во кое нуди реплики на „Забранетиот град“ и две продавници во Шангај.