НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фајненшел Тајмс“: Ладен туш на Германија и Франција за надежите на Балканот

0
By Нова ТВ on April 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот весник „Фајненшел Тајмс“ објави текст за самитот во Берлин што го наслови со „Ладен туш на Франција и на Германија за надежите на Балканот за брзо пристапување во ЕУ“. Авторот наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон им навестија на лидерите на земјите од регионот за малите шанси за влез во блокот и им порачаа за тоа време „да ги средат работите дома“.

Весникот наведува дека Макрон бил фокусиран на неопходноста од „политичка стабилност“ во регионот. Францускиот претседател притоа порача дека Париз стои на располагање за клучните економски, социјални и безбедносни реформи како и реформите во областа на владеење на правото пред да отпочне процесот на проширување на ЕУ. „Фајненшел Тајмс“ потсетува дека ЕУ веќе долго време говори за можноста за влез на земји од Западен Балкан во Унијата со цел поттикнување на економскиот напредок и подобрување на пошироката регионална стабилност.

Врз основа на оценки на аналитичари, британскиот весник пишува дека Меркел и Макрон биле домаќини на самит поради загриженост за развој на настаните во регионот и покрај, како што се наведува во текстот, успехот без преседан во врска со постигнатиот договор за името меѓу Македонија и Грција.

Во врска со косовското прашање се подвлекува противењето на Меркел за било какво решение меѓу Белград и Приштина што ќе опфаќа размена на територии што, потенцира весникот, го поддржуваат Брисел и Вашингтон.

Самитот во Берлин, пишува „Фајненшел Тајмс“ се организира во момент на „вклучен аларм“ во Брисел поради се поголемите улоги на Русија и на Кина на Западниот Балкан. Макрон во тој контекст, како што се наведува, рекол оти разбира дека и други актери „имаат свои интереси на Балканот, но и оти европските интереси за поважни“.

Ангела Меркел Берлин Емануел Макрон ЕУ Западен Балкан Самит Фајненшел Тајмс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.